Контакт

Надворешна политика

Попоски и изрази сочуство на амбасадорката Ван Калстер за загинатите во нападите во Брисел

Објавено пред

Терористичките напади во престолнината на Белгија беа во фокусот на разговорите на средбата помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Белгија, Аник Ван Калстер, на која шефот на дипломатијата и  изрази  длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите.
 

Терористичките напади во престолнината на Белгија беа во фокусот на разговорите на средбата помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Белгија, Аник Ван Калстер, на која шефот на дипломатијата и  изрази  длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите.

 

По терористичките напади во Брисел, на аеродромот Завентем и метрото во Брисел и воведувањето на највисокото ниво на безбедност ниво 4 на целата територија на Белгија, специјални мерки се воведени на сите железнички станици во Брисел и Белгија, метроата, пристаништата, аеродромите, нуклеарните централи и на сите други стратешки места.

Сите македонски дипломати кои работат на територијата на Белгија се безбедни а сите дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во Белгија и покрај зголемените безбедносни мерки и рестрикции работат непречено.  Согласно досегашните информации на Министерството за надворешни работи на Македонија, нема загинати и повредени македонски државјани, велат од МНР.

Покрај терористичките напади во Брисел, во фокус на разговорите помеѓу Попоски и Калстер беа и меѓусебната соработка, евроинтегративниот процес на Македонија и мигрантско-бегалската криза./крај/мф/бс

Македонија

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Објавено пред

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе биде дозволен влезот на странци во Црна Гора, и тоа без карантин и самоизолација, доколку стапката на активни случаи на коронавирус е помала од 25 на 100.000 жители во државата од каде што доаѓа странецот.

Во овој момент, на листата, која еднаш неделно ќе се ажурира и беше дополнета вчера, се наоѓаат Словенија, Исланд, Хрватска, Словачка, Швајцарија, Албанија, Австрија, Норвешка, Монако, Косово, Германија, Грција, Унгарија, Данска, Литванија, Латвија, Азербејџан, Луксембург, БиХ, Бугарија, Израел, Македонија, Ирска, Чешка, Финска и Естонија.

Првично, Македонија, БиХ и Србија не беа на списокот, а Србија не се наоѓа и на новата листа по што премиерката Ана Брнабиќ повика да не се патува и да се бојкотира соседната земја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров разговараше со Дачиќ: За влез во Србија не е потребна посебна согласност

Објавено пред

Попладнево, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

„Со српскиот колега беа споделени искуства во борбата со здравствената криза, како и информации за епидемиолошката состојба во Северна Македонија и Србија. Министрите разговараа и за плановите за натамошно ублажување на рестриктивните мерки, притоа запазувајќи го јавното здравје“, соопшти МНР.

Дачиќ информирал дека веќе не е потребна посебна согласност за влез на странски државјани во Србија и дека преминувањето на српските граници, сега се одвива според вообичаен режим.

Двајцата министри се согласиле за интензивна билатерална соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји. Во таа смисла,  Димитров ја прифатил поканата на Дачиќ заофицијална посета на Србија во наредниот период, кога условите тоа ќе го дозволат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на видеоконференција на Советот на јадранско-јонската иницијатива

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на видеоконференција на Советот на јадранско-јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот Регион (EUSAIR).

Видеоконференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од Ковид-19 ги има, пред сè, врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и за идната фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Северна Македонија првпат ќе учествува на министерскиот состанок откога на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот Регион (EUSAIR). Оваа година организатор на редовниот министерски состанок е Србија како претседавач со иницијативата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион16 минути

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија1 час

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ3 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија3 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија4 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија6 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион6 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија7 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија7 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ8 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија8 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион10 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет11 час

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет11 час

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет12 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија13 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија23 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија23 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија1 ден

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ1 ден

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Досие