Надворешна политика
Попоски и Јолески учествуваа во работата на ОН
Министерот за надворешни работа, Никола Попоски, и министерот за одбрана, Зоран Јолевски во понеделникот во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации, учествуваа во работата на телата и форумите на светската организација.
Владините министри остварија и средби со нивните колеги од земјите членки на Обединетите Нации, а беа дел од работата и на Самитот за мировни операции на ОН.
Министерот Попоски истакна дека нашата земја реализира активности кои се во насока на исполнување на главните цели на 70-тото Генерално собрание, и на национално ниво и како дел од регионалните организации.
Јубилејното 70-то Генерално собрание на Обединетите Нации оваа година се посветува на намалување на сиромаштијата, борба против климатските промени и спречувањето на нивните негативни последици, и мирот и мировните операции во светот. Република Македонија се наоѓа во прилично поволна положба како земја која во минатото била дестинација за мировниците, а денес е еден од најголемите извозници на мировници по глава на жител. Дополнително на нашата агенда се наоѓа и регионалната улога која ја имаме како претседавач на Централноевропската иницијатива и во овие рамки темите кои се поврзани со мирот, со борбата против сиромаштијата и со глобалните предизвици од климатските промени се пресликани и во работата на ЦЕИ, изјави министерот Попоски.
Министрите Попоски и Јолевски ја претставуваа Република Македонија и на Самитот за мировни операции, на кој се разгледуваат теми за зголемување на учеството на земјите членки во мировните операции со цел обезбедување на мирот и превенција на конфликти.
Самитот за мировни операции кој се одржува оваа година под покровителство на американскиот претседател Обама и Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, се однесува на контрибуциите на земјите членки на Обединетите Нации. За таа цел имавме бројни средби со нашите партнери од Соединетите Американски Држави, од Италија, и од сојузната држава Вермонт со која имаме соработка со Националната гарда на Вермонт, за можно трилатерално партнерство на Сенегал, Вермонт и Република Македонија, изјави министерот Јолевски.
Министерот Јолевски истакна и дека нашата земја активно работи и на поголем број на други мировни иницијативи, како што е иницијативата за можностите за заедничко учество на земјите од Југоисточна Европа во формирање на мировни контингенти за која цел се подготвени и конкретни документи кои во следниот период ќе бидат предмет на мултилатерално разгледување.
Во рамките на Генералното собрание, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари и поголем број на средби со министрите за надворешни работи на дел од земјите членки, на кои се разговараше за унапредување на билатералната соработка и исполнување на мултилатералните цели.
Ова е добра можност да воспоставиме контакти и со колегите од непостојаните земји членки на Советот за безбедност и земји со кои што немаме можност толку редовно да се видиме. Разговаравме околу повеќе теми за зголемување на билатералната динамика и на средби и на проекти, и во делот на образованието, и во делот на политичката соработка и во делот на економските односи, инвестиции и бизнис форуми за зголемување на можноста за трговска соработка, изјави министерот Попоски. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.