Надворешна политика
Попоски и Јолевски повикаа на консензус за што поскор прием на Македонија во НАТО
Македонската делегација, предводена од министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски, во средата учествуваше на редовниот годишен состанок со Северно-атлантскиот совет на ниво на амбасадори на земјите членки на НАТО.
Во своите обраќања, Попоски и Јолевски говореа за постигнатите резултати во рамките на политичките, економски и одбранбени реформски процеси во Македонија. Истакнаа дека Македонија е целосно посветена кон евроатлантската интеграција која претставува движечка сила за сите наши реформи и како рамноправен и докажан партнер на Алијансата, континуирано ги споделува заедничките вредности и одговорности.
Осврнувајќи се на важноста на политиката на отворени врати на Алијансата, Попоски меѓу другото подвлече дека и покрај рекордните 16 циклуси на спроведување на Акциониот план за членство, имплементацијата на реформи согласно НАТО стандардите, исклучителниот придонес во мисиите на Алијансата, како и посветеноста кон разговорите за отстранување за последната пречка за нашето зачленување во НАТО, Република Македонија сè уште е во позиција да чека.
Во овој контекст, Попоски повика на постигнување консензус околу одлуката за што побрзо упатување покана за членство во Алијансата, истакнувајќи ги нашите реформски постигнувања, исполнети стандарди и нашата значителна контрибуција во мисиите на НАТО.
Амбасадорите на земјите-членки на Алијансата позитивно ја оценија имплементацијата на целите и активностите содржани во Шеснаесетиот циклус од Акциониот план за членство на Република Македонија за членство во НАТО. Притоа, особено ја истакнаа значајната контрибуција на Република Македонија во меѓународните мисии за зачувување на глобалниот мир и безбедност предводени од НАТО и изразија очекување дека Македонија што поскоро ќе го заземе заслуженото место како полноправен член на НАТО.
Посебно беше нагласена поддршката на Македонија во мисијата Решителна поддршка во Авганистан, и нашиот интерес за вклучување во Долготрајното Партнерство по 2016 година со Авганистан, согласно нашите национални капацитети и можности.
Попоски и Јолевски остварија средба со генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на која беа разменети мислења и ставови за актуелната политичка состојба во земјата, како и предизвиците со кои се соочува Македонија за успешно справување со бегалската криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.