Надворешна политика
Попоски: Кумановските настани не се поврзани со политичката криза
Неодамнешните настани во кумановската Дива населба каде што македонските полициски сили минатата сабота се судрија со поголема добро вооружена терористичка група составена од државјани на неколку соседни земји, вклучително и од Македонија, нема никаква поврзаност со актуелната политичка криза во земјата која се оценува како една од најсериозните, рече македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервјуто од саботата за агенцијата Associated Press.
Шефот на македонската дипломатија децидно ги одбива тврдењата дека неодамнешниот судир меѓу вооружената група и македонската полиција има поврзаност „со една од најсериозните политички кризи во земјата“ и истакнува дека „очигледни се фрустрациите што се создадоа во македонското општество поради блокадата за влез во ЕУ и НАТО“. „Сепак, присуството на вооружена група во Куманово покажува дека границата со Косово е порозна“, вели министерот Попоски.
Според него, Европската унија е виновна за сегашниот ќорсокак во земјата, бидејќи го одложува нејзиното пристапување во ЕУ. „Некои од заклучоците што треба да бидат извлечени од сегашната ситуација, е дека доколку не се успее да се обезбеди кредибилноста на евроатлантските интеграции во регионот, тогаш последиците се очигледни“, рече шефот на македонската дипломатија
Одговарајќи на прашања во врска со полициската акција во Куманово и безбедносната состојба во земјата, Попоски вели дека и во минатото во овој дел на светот имало теории на заговор. „И порано имало теории на заговор во овој дел од светот“, изјави Попоски одговарајќи на прашањето за тврдењата на некои политичари дека судирот бил конструкција на оние кои сакаат да го одвлечат вниманието од политичката криза предизвикана од случајот со наводното прислушување.
Попоски истакна дека полицијата успешно се справила со заканата без да има загинати цивили. „Но, од друга страна, се покажа дека има делови од нашата граница кои се ранливи, но исто така и луѓе кои ги користат овие прилики за да шират терор и за да ја дестабилизираат земјата. Факт е дека се соочуваме со сериозна, веројатно најсериозната безбедносна ситуација од прогласување на независноста“, вели Попоски.
Според него најважно за Македонија е да не дозволи да се шират какви и да се мултиетнички тензии. Соработката со властите на Косово, од каде што дошле вооружените напаѓачи, според Попоски е многу отворена и директна. „Македонија треба да ја насочи енергијата кон решавање на политичката криза без да овозможи терен за некоја радикална група да ја искористи или злоупотреби ситуацијата на неизвесност“, вели во интервјуто Попоски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.