Надворешна политика
Попоски: Македонија не очекува одлука за почеток на преговорите на Самитот на Европскиот совет
Македонија не очекува одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ на претстојниот Самит на Европскиот совет, изјавил министерот за надворешни работи Никола Попоски кој во понеделник престојува во еднодневна посета на Брисел.
Попоски претпладнето оствари работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во рамки на т.н. КОРЕПЕР-група во Советот на Унијата. Во разговорот со првите луѓе на дипломатските служби на ЕУ-земјите во европската престолнина, шефот на македонската дипломатија и неговите соговорници ставиле јасно до знаење дека не се очекува почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ на Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 17-ти и 18-ти овој месец, пренесува МИА.
„Со амбасадорите разговаравме околу приоритетите на Република Македонија за следниот период до спроведувањето на изборите во април 2016 година. ЕУ на ниво на Европска комисија веќе даде препорака дека е потребно да започнат преговорите и има определен број на условувања. Овие условувања се поврзани со реформите што ќе бидат приоритет и на земјите-членки на ЕУ. Па, така, во следниот период, најверојатно најмногу очекувања ќе бидат посветени на клучните реформски приоритети“, изјави Попоски по средбата.
Тој додал дека ги запознал земјите-членки на Унијата за сето она што е реализирано во Македонија и дека политичкиот договор од Пржино во најголем дел е спроведен, со тоа што е стеснат просторот за какви било изговори да можат да бидат презентирани од оние што беа поскептични во однос на почетокот на преговорите во рамки на ЕУ.
„Не е за очекување дека Европскиот совет ќе носи одлуки во однос на почеток на преговорите, но сосема е реално дека онака како што досега ги спроведовме, вклучително и оние прашања што поставуваа повеќе прашања за одржливост и кај самите земји-членки дали ќе бидат реализирани, а ние успеавме во тоа, да охрабрат поголема група на земји-членки да не се одложува континуирано ова прашање, посебно со оглед на фактот дека после април тие би требало да излезат со конкретен извештај, вели Никола Попоски.
Попоски во понеделник вечер ќе се сретне и со еврокомесарот соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, со кого освен реформите во Македонија, главна тема ќе биде и бегалската криза. Попоски вели дека за Македонија е значајно и ова прашање и дека тоа било тема и на разговорот со ЕУ-амбасадорите во Брисел.
„Република Македонија во целост ги применува правилата што се очекуваат и од ЕУ, со хуман и безбеден проток на мигранти низ европскиот безбедносен коридор што го имаме воспоставено на нашата територија. Во фазата на давање на приоритет на сите оние што имаат основа за добивање азил во Европската унија, Македонија успешно се справува. Предизвикот со т.н. економски мигранти, за кои имаше потешкотии, а и самата Грција да го спроведе, што потоа беше пренесено на наша територија, би требало да биде намален, односно тензиите да бидат намалени со упатувањето на Фронтекс на грчка територија и со помошта што ја очекуваме од земјите-членки во соочување со овој хуман и безбедносен предизвик“, заклучува шефот на македонската дипломатија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.