Надворешна политика
Попоски – Рејндерс: Белгија ја поддржува Македонија во напорите за ЕУ, но бара и напредок
Белгија останува силен поддржувач на евроинтеграциите на Македонија, но истовремено бара и напредок во политичкиот дијалог, односно нормално функционирање на македонското Собрание, порача белгискиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Дидие Рејндерс по средбата во понеделникот со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Запрашан за влијанието на актуелната афера со прислушуваните разговори обелоденети од опозициската СДСМ, врз евроинтеграциите на земјата, Попоски потенцираше дека во македонски интерес е сите прашања кои произлегуваат од неа да бидат адресирани во рамките на институциите и да таа да има правна разврска.
„Во поглед на аферата со прислушувањето, пред се во македонски интерес е сите прашања кои се отворени во една таква афера да бидат адресирани во рамки на институциите и да имаат целосна правна разврска. Во секој случај, адресирањето на прашањата кои произглегуваат од неа треба да се случи и без разлика на европската интеграција на Македонија, односно пред се во интерес на Македонија. Од друга страна, мислам дека е неопходно зголемување на кредибилноста на нашата европска и евроатланска иднина бидејќи таа е серизоно нарушена по блокадата во НАТО од 2008-та година и по непостапувањето по препораките од Европската комисја од 2009-та година. Македонија и македонските институции имаат одговорност да ги адресираат сите извори на загриженост, вклучително и тие кои произлегуваат од сегашната ситуација, а од друга страна не можеме да го исклучиме фактот дека единствено решение на долг рок е решение кое е поврзано со нашата евроатланска интеграција. Тоа што е сигурно е дека првото му прави штета на второто“, изјави Попоски.
Белгискиот министер за надворешн работи Рејндерс пак смета дека треба да бидат разгледани сите аспекти кои се зафатени од оваа афера.а
„Ова беше тема на која меѓусебно разговаравме на еден мошне отворен начин. Се разбира дека пораката којашто ја упатуваме од ЕУ и Советот не Европа во однос на ова е прво да се разјасни дали прислушувањето било легално или нелегално но исто така и во однос на самата содржина од сето она што имавме можност да го слушнеме и одредени однесувања за коишто понатаму треба да се види дали заслужуваат да бидат санкционирани. Тоа се процедури коишто треба да се водат и во внатрешноста на земјата“, порача Рејндерс.
Белгискиот вицепремиер исто така најави дека во Европскиот совет наскоро ќе се разговара за повеќе теми кои се однесуваат на Македонија, а тоа се пред се политичкиот дијалог и состојбите во судството и медиумите.
„Ќе се разговара на повеќе теми, првата е за политичкиот дијалог, знаете дека постои таа иницијатива од Европскиот парламент за отпочнуање на политичкиот дијалог меѓу владата и опизицијата и навистина е многу важно собранието да почне нормално да функционира. Важна дебата ќе биде и судската власт, како да се зајакне независноста на судската власт. Ќе има сигурно и дебата за учеството на јавната власт во финансирањето на медиумите и правичната распределба на јавните средства на објективен начин. Нашите амбиции да се постигне вистински напредок кон една регионална интеграција и европска интеграција“, додаде Рејндерс.
Запрашан за претстојната средба која во вторник ќе има со својот грчки колега Никос Коциас во Будимпешта на министерски состанок посветен на енергетска безбедност во централна и југоисточна Европа, Попоски најави дека од македонска страна има позитивно расположение за секоја мерка што би можела да го подигне нивото на доверба меѓу двете страни.
„Во оваа фаза беше најавено дека ќе им биде потребен определен временски период за да се подготват мерките за градење на доверба, а од македонска страна имаме позитивно расположение за секоја мерка која може да го подигне нивото на доверба. Две работи се клучни во овој правец, прво тие треба да соодетствуваат со реалноста, Македонија и Грција не се две земји во војна туку тие се две земји кои имаат одлична практична соработка на сите полиња. Вториот елемент е дека не смееме да бараме изговори за ненадминување на главното прашање а тоа е блокадата на нашите евроатлански интеграции, поврзана со наметнатиот спор, и дека нити еден друг план или пристап, вклучително и тој за предлагање мерки не трба да биде начин за тоа како да се замагли главната тема а таа е потребно воведување на кредибилен пат за европската интеграција на Македонија и избегнување на досегашната замка од дефокусирање од главната тема и избегнувањето на почетокот на пристапните преговори за ЕУ и членството во НАТО. Довербата е неопходна, но неопходни ни се и решенија и отвореност во нашиот дијалог“, заклучи македонскиот министер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.