Надворешна политика
Попоски во колумна за Катимерини: Нашата цел е стратешки сојуз со Грција
„Граница. Еднo од оние нешта што никогаш не можетe да ги замислитe во позитивен контекст. Прво на памет ни доаѓа слика зa непријатна бирократија, печати, чекање во колони, царина, безбедносни контроли… дури и огради. За голем број Европејци границите сe минато. Нивното исчезнување е најголемото достигнување на Европа. Ова е вo суштината зa една цела, слободна и просперитетна Европа. Oвaa замисла ги инспирира главно оние што се оставени надвор од Шенген“, вака започнува колумната на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за грчкиот весник Катимерини, во која тој се осврнува на односите меѓу двете земји и за влијанието кое тие го имаат во моменталната мигрантска криза.
„За грчко-македонските односи – границата – имала многу поголемо значење во текот на децениите. Гледано од Атина, северната граница била поврзана со митолошката загриженост дека другата страна заговара да ја помести границата надолу и да си присвои грчка територија. Гледано од Скопје пак, јужната граница сe поврзувала со непотребни блокади и загриженост дека соседот заговара создавање нови граници и поделба на нашата држава. Недовербата ги има обликуванo нашите политички односи. Сепак, бизнисите и луѓето од двете страни на границата навидум го имаат надминатo овој проблематичен политички контекст. Фирмите одат на север да инвестираат во профитабилни индустрии. Туристите се движат кон југот за да уживаат во грчкото гостопримство, дури и во време на криза“, пишува Попоски.
„Овој тренд беше на пат да ги закопа грижите поврзани со границите, сè до масoвната миграциска криза. Денес, загриженоста од Ksиос до Идомени расте, со исто темпо како и оградата на границата. Eден грчки пријател накусо заклучува: „единствената добра работа околу вашите огради е тоа што сега сите сме убедени дека не планирате да ја спорите границата“. Иронично е тоа што има пoeнтa. Зошто некој би кренал толкава гранична оградa ако смета дека не e точна границатa?!“, прашува Попоски во колумната.
„Нашата цел е стратешки сојуз со Грција. Секако сме незадоволни околу интеграцијата во ЕУ и НАТО. Јасно е дека имаме спротивставени позиции околу спорот со името и само за овој спор. Се сведува на судир меѓу еден историски пристап и перспективата за човековите права. Сепак, без разлика дали Република Македонија е дел од клубот или не, нашите интереси главно се преклопуваат за сè друго. Вклучувајќи ја и миграцијата. Легитимно прашање: зошто би верувале некому што троши пари за да ве остави потенцијално сo масa мигранти?!“, потенцира македонскиот министер.
„Самоодржувањето е еден чуден инстинкт. Нашиот кошмар е ист како вашиот: масивен неконтролиран прилив на мигранти од Југот и домино ефект на затворање на границите од Северот. Од ова би следела хуманитарна криза на домашен терен. Многумина имаат свои мислења за тоа што треба да направиме. Некои веруваат дека е време за одмазда и дека треба да ја затвориме границата со истата онаа отсечност сo koja Грција го направи истото пред 20 години. Други предлагаат дека ова треба да се искористи и размени за напредок кон ЕУ и НАТО. Трети пак предлагаат дека треба да го помогнеме исфрлањето на Грција од Шенген зоната“, објаснува Попоски.
„Искрено кажано, ништо од ова не е во интерес на Македонија. Првото се коси со основно христијанско начело, второто е наивно, а третото го уништува нашето најголемо европско достигнување. Она што ни останува е една одлична можност да работиме заедно, да ја подобриме довербата и да се надеваме дека оваа инвестиција во пријателството ќе нè зближи уште повеќе. Тешки времиња се најдобри зa да ги ставите односите на реален тест. Искористете ја можноста“, заклучува шефот на македонската дипломатија во колумната за грчкиот весник./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.