Надворешна политика
Попоски: Зад нападот во Куманово стојат криминалци
Шефот на македонската дипломатија, Никола Поповски во интервју за виенскиот весник Die Presse изјавил дека зад нападот во Куманово стои група чии лидери се криминалци, и дека нивната планирана политичка агенда не наишла на поддршка, така што ова не може да се спореди со случувањата од 2001-та година.
„Тие веќе нападнаа една караула и очигледно сега планираа напади на локалните институции во Македонија“, објаснил Попоски, додавајќи дека досега пет од идентификуваните лидери биле познати криминалци и за ние имало криминални досиеја, на пример за вооружен грабеж, а поголем дел од нив биле од Косово. Во групата имало и македонски и албански државјани, додал министерот.
„Можеме да потврдиме дека делови од таа група во минатото биле активни во ОВК во Македонија, но и на Косово. Очигледно се обидувале да добијат политичка поддршка за својата активност, но не ја добиле од локалното население“, констатирал Попоски.
На прашањето дали веќе било разговарано со албанскиот коалициски партнер Али Ахмети, кој во 2001-та година беше лидер на ОВК во Македонија, Попоски рекол дека бил одржан состанок на националниот совет за безбедност, на кој учествувале сите партии, како и партијата на Ахмети.
„Настаните во Куманово предизвикаа голема загриженост кај сите. Се чини дека разбиената група имала и политичка агенда, но за среќа никој не ја поддржа, нити пак политичките актери на албанската заедница во Македонија“, потенцирал Попоски.
Шефот на дипломатијата нагласил дека во овие моменти не треба да се биде наивен и да им се даде простор на екстремистичките групи, но и дека ниеден сериозен политички актер во земјата не сака да се впушти во авантура, бидејќи никој не сака конфликт на политичка, верска или етничка основа.
Попоски исто така истакнал дека настаните во Куманово не треба да се користат за остварување на политички поени. Во врска со тој додал дека постојат многу шпекулации и дека поголем дел од нив се користат за остварување на дневнополитички поени.
Од Европската унија пак, Попоски очекува повторно придвижување во поглед на евроинтеграциите на земјата.
„Македонија е предолго попречена во своите евроинтеграции. Тоа на екстремистичките групи им овозможи да ја спроведат својата агенда и го зголеми незадоволството кај населението. Очекува сите земји членки да придонесат повторно да се внесе динамика во пристапниот процес на Македонија, бидејќи членството на земјата во ЕУ и НАТО е важен столб за регионалната стабилност“, заклучил Попоски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.