Надворешна политика
Премиерот Груевски во економско-политичка посета на Индија
Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав е министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, заменик министерот за економија Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекероски од недела во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Република Индија.
Владината делегација предводена од премиерот Груевски денеска ќе престојува во градот Ахмедабад, каде ќе учествува на седмиот глобален самит Вибрант Гуџарат кој ќе трае од денеска до 13-ти овој месец, а ќе го отвори индискиот премиер Нарендар Моди. За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво.
Самитот започна како инвеститорски во 2013-та година, но по својата улога значење и влијание прерасна во глобална платформа на знаење и соработка, социјални и бизнис трансформации кои треба да го помогнат економскиот и политички развој на државите. Самитот постепено се разви во значен економски настан каде се презентираат потенцијалите за инвестирање, но и можностите за соработка на трговски, индустриски и економски план.
На овогодинешниот самит се очекува да присуствуваат околу 7.000 делегати, и тоа од академската средина, преставници на глобални компании и корпорации од автомобилската, технолошката, градежната, телекомуникациската индустрија, како и голем број политичари.На настанот ќе бидат присутни и главните луѓе на 50-те најголеми компании во Индија.
Првпат држави партнери на овој настан кој се одржува во индиската држава Гуџарат се САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија, Сингапур. Индиските власти го најавија и присуството на генералниот секретар Обединетите нации Бан Ки Мун.
За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво.
Градот Ахмедабад, е еден од главните политички и економски центри на индиската држава Гуџарат. Има околу 6 милиони жители и е најголем град во оваа индиска држава. Списанието Форбс го прогласи овој град за 10. најбрзорастечки град во Индија. Бруто домашниот производ минатата година изнесувал 64 билиони долари.
Премиерот Груевски во рамките на престојот во Индија ќе ги посети и градовите Ченаи, Калкута, и Џајпур каде ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Република Македонија.
Република Македонија и Република Индија имаат воспоставено дипломатски односи во 1995 година. Економските и политички односи бележат нагорен тренд. Индија е 10-та најголема земја во светот според номиналниот бруто домашен производ и една од најбрзорастечките економии во светот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.