Надворешна политика
Претставени приоритетите на холандското претседателство со Советот на ЕУ
Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Ваутер Пломп во среда ги претстави приоритетите на холандското претседателство со Советот на Европската унија.
Седницата се одржа во присуство на дел од членовите на Националниот совет за европски интеграции, собраниската Комисија за надворешни работи како и мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ.Во неговиот говор Амбасадорот Пломп даде кратка презентација на претседателството заснована на три основни принципи: Унија фокусирана на основите, Унија која креира иновативен развој и работни места, и Унија која е поврзана со општеството. „Ќе се стремиме кон Европска унија која е фокусирана врз она што е најважно за граѓаните на долг рок. Тоа е економскиот развој преку иновација и реформи, создавање на работни места и вложување во одржлива иднина“, рече Пломп и додаде дека приоритетите на претседателството се: сеопфатен пристап кон миграцијата и меѓународната безбедност, Европа како иноватор и креатор на работни места, цврсти и одржливи европски финансии, како и напредна политика во врска со климатските промени и енергетските прашања.Амбасадорот Пломп истакна дека Холандија го презема претседателството во многу тежок период кој може да се надмине единствено преку здружени напори на сите држави, вклучувајќи ги и оние кои се кандидати за членство, а чија улога во надминувањето на бегалската криза е од суштинска важност. Во врска со проширувањето на ЕУ, Амбасадорот Пломп ја наведе Програмата на Триото – Холандија, Словачка и Малта, според која веродостојноста на процесот на проширување е од голема важност.„Ефективниот напредок на државите од Западен Балкан кон ЕУ е од стратешка важност. Владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција, економските критериуми и реформата на јавната администрација се одредниците врз основа на кои се мери напредокот а самите држави ја имаат одговорноста да ги исполнат условите на кои се обврзале“, нагласи тој.На крајот Амбасадорот Пломп изјави дека во согласност со мотото на холандското претседателство – „Поврзување“, Холандија ќе продолжи да ги зајакнува врските со Република Македонија преку инструментите за поддршка на бизнисот, поттикнувањето на повеќе холандски инвестиции во Македонија, културната соработка и промоцијата на туризмот на одржлив начин, „бидејќи единствено преку двонасочна и отворена комуникација можеме да се поврземе и да ја направиме Европа подобро место за живеење“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.