Надворешна политика
Припаднциите на АРМ заминаа во мисијата „Одлучна поддршка“
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на аеродромот „Александар Велики“ кај Скопје во понеделникот присуствуваше на испраќањето на втората ротација на дел од македонскиот контингент во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
„Ви пожелувам успешна мисија, достојно да ја претставите Република Македонија и здрави и живи да ни се вратите нам и на вашите семејства“, им порача министерот на 13-те припадници на АРМ кои ќе бидат дел од турскиот контингент во рамките на Командата на авганситанската престолнина Кабул.
„Особено задоволство ми претставува што сте дел од турскиот контингент, што е уште еден доказ за големото пријателство помеѓу двете земји. Со учеството во рамките на ‘Одлучна поддршка’ вие од една страна придонесувате кон мирот, безбедноста и слободата во Авганистан, а од друга се стекнувате со вештини и способности кои ќе ве направат уште подобри офицери на Армијата на Република Македонија“, порача Јолевски.
На испраќањето присуствуваше и амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Шолендил, кој им посака многу среќа и порача дека турскиот контингент можат да го сметаат и за нивен дом.
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески додаде дека заедничката мисија во Авганистан, е уште една потврда за повеќе од успешната соработка со Република Турција.
Дванаесетте офицери и еден подофицер кои заминаа во Авганистан, се дел од 39-те припадници на АРМ кои ја продолжуваат определбата на Република Македонија за придонес во рамките на меѓународните мировни мисии, а со тоа и придонес кон напорите за воспоставување на мир и демократија на глобално ниво.
Република Македонија, по завршувањето на мисијата ИСАФ на крајот на 2014 година, го продолжи своето присуство во Авганистан, во новата мисија на НАТО-алијансата, „Одлучна поддршка“ со 39 припадници. Основната мисија на „Одлучна поддршка“ е обука, советување и менторирање на Авганистанските безбедносни сили и авганистанските институции. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.