Надворешна политика
Реафирмирана поддршката на европратениците за членство на Македонија во ЕУ
Вториот ден од посетата на градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ Изет Меџити на Брисел помина во одвоени состаноци со неколкумина европратеници,меѓу кои Моника Маковеј од Романија и Тања Фајон од Словенија, како и со РичардХовит од В. Британија и Иво Вајгел од Словенија, поранешен и актуелен известувач за Македонија во Европскиот Парламент.
Главна тема на денешните дискусии беше процесот на децентрализација во Македонија, досегашните ефекти од нејзиното спроведување, како и предизвиците што ги имаат општините во обезбедување на услови за подинамичен локален развој кој ќе отвори нови перспективи, особено за младите.
Од страна на градоначалникот Меџити беа презентирани развојните планови и проекти на општината Чаир, а беа разгледани и можностите за поддршка на институциите на Европската Унија и нејзините фондови, за што европратениците изразија подготвеност да помогнат со свои конкретни совети, како и со споделување искуства што ги имале нивните земји и општини при реализацијата на слични проекти.
Домаќините од Брисел покажаа интерес и за актуелните случувања во Македонија и за нејзините евроатлански перспективи.
Заедничка констатација на средбите со европратениците Иво Вајгел и РичардХовид, кои учествуваа во преговорите за надминување на политичката криза во земјата, беше дека со евидентниот напредок во имплементација на договорот со кој беше ставен крај на политичката криза, Македонија добива реална шанса да продолжи на патот кој целосна интеграција во Европската Унија.
Конкретно, двајцата европратеници го поздравија изборот на специјалниот јавен обвинител, како важен сегмент од политичкиот договор, со надеж дека овој чекор ќе придонесе завраќање на довербата во функционирањето на институциите и владеењето на правото во земјата.
Зборувајќи од позиција на потпретседател на ДУИ, од страна на градоначалникот Меџти беше истакната принципиелната позиција на неговата партија за време на преговорите меѓу четирите најголеми политички партии, која се темели на доследно почитување на договорното заради зачувување на политичкиот кредибилитет на земјата и нејзината евро-атланска перспектива.
За таа цел, соговорниците се сложија дека во наредниот период треба со засилено темпо да се продолжи со реализација на сите предвидени реформи нотирани во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија и оној на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, вклучувајќи ја и целосната имплементација на одредбите од Охридскиот рамковен договор, што ќе и овозможи на земјата да се врати на својот пат кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Европратениците Вајгел и Ховит беа поканети од градоначалникот Меџити, при нивниот следен престој во Скопје, да ја посетат и општината Чаир, со што одблизу ќе имаат можност да се запознаат со реализацијата на неколку значајни проекти во општината.
Посетата на градоначалникот на Чаир на Брисел продолжува и утре за кога се планирани дополнителни состаноци во Европскиот Парламент и Европската комисија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.