Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Груби во Стејт департментот на разговори за политичката ситуација во земјата и реформите во ДУИ

Објавено пред

За време на посетата на САД, претседателот на Комисијата за европски прашања и секретар на ДУИ, Артан Груби, престојуваше во американскиот Стејт департмент, каде што оствари работна средба со Даниел Костеланцик, директор на Канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот.

Како што информираат од Комисијата за европски прашања, на средбата се разговарало за политичките случувања во Северна Македонија, системските реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата, ратификувањето на протоколот за членство во НАТО и датумот за почнување на преговорите со Европската Унија, како и внатрепартиските реформи во ДУИ.

Груби изразил благодарност за силната поддршка на САД за Северна Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, владеењето на правото и реформите.

Тој зборувал и за двостепениот процес (ветинг, т.е. проверка) предложен од ДУИ за проверка на интегритетот на функционерите како начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Предмет на проверка на интегритетот, како што рекол Груби, би биле политичарите, носителите на јавните функции, обвинителите и судиите.

Ја изразил и посветеноста на ДУИ да се ангажира за неселективна правда, донесување на законот за Јавното обвинителство и владеење на правото воопшто.

На средбата се разговарало и за процесот на внатрепартиските избори во ДУИ и изготвувањето на новата партиска програма.

Груби во рамките на средбата остварил и средби со американски сенатори и конгресмени.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски се сретна со претставници на Американската стопанска комора во Македонија

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, прими делегација од Американската стопанска комора во Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните економски состојби во Северна Македонија, можностите за водење бизнис, како и за можностите за инвестирање во државата.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека во фокусот на неговата работа е подобрувањето на економската состојба во државата и дека ќе настојува потребите на стопанствениците во Северна Македонија да бидат соодветно артикулирани пред државните институции и при неговите посети во странство.

На средбата претседателот Пендаровски укажа дека политичарите треба да придонесат во создавање поволна бизнис-клима.

Претседателот Пендаровски ги информира присутните дека по иницијатива на кабинетот на претседателот, тим од практичари работи на создавање стратешки документ, кој ќе има цел да ги постави приоритетите за развој на економијата во следната деценија, односно за периодот 2020 – 2030 година. Побара од претставниците на Комората да се вклучат со свои сугестии при изработката на документот истакнувајќи дека политичарите треба да ги слушаат и следат потребите на економистите и стопанствениците.

Фактот што Северна Македонија е на чекор до полноправно членство во НАТО и до почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, според претседателот Пендаровски, дополнително ќе ја потврди државата како стабилно и сигурно место за водење бизнис и предвидлива дестинација за вложување.

Претседателот Пендаровски ги повика претставниците на Американската стопанска комора во Македонија да се вклучат со свои предлози и сугестии при носењето законски решенија од економката сфера, со цел носење квалитетни закони, а во функција на подобрување на условите за водење бизнис во државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев со претставници на Советот на амбасадорите: Успешните интеграции се вистинска можност за економски развој на земјата

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со претставници на новоформираниот Совет на амбасадорите: претседателот Љупчо Арсовски, потпретседателот Мухамед Халили и членовите на Извршниот одбор, Тихомир Илиевски, Нано Ружин и Иљаз Сабриу.

На средбата се поздравени политиките на Владата, кои отворија пат за НАТО и за ЕУ-интеграциите на нашата држава. Оценето е дека Владата го направи потребното да ја постави државата на правиот пат и дека успешните интеграции се вистинска можност за економски развој на земјата.

Заеднички е изразено очекување дека ќе бидат вреднувани постигнувањата на земјава на домашен и меѓународен план и дека Република Северна Македонија, како што заслужува, ќе добие позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври и датум за почеток на преговорите.

На средбата беше објаснета мисијата на независното, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи, Советот на амбасадорите, кое, како што е речено, е основано со цел да помогне во креирањето и успешно имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика и ЕУ и НАТО-интеграциите преку поддршка и предизвикување на институциите надлежни за надворешната политика да носат праведни и квалитетни одлуки засновани врз база на сестрани и квалитетни анализи.

Членовите на Советот на амбасадорите рекоа дека како луѓе со големо професионално и животно искуство, во кои вложувала државата, сакаат да го возврат тоа знаење на својата земја.

Премиерот Заев изрази поддршка на иницијативата на членовите на Советот на амбасадорите да ѝ помогнат на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската...

Македонија5 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата5 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет9 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ13 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија13 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија14 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет14 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет16 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет16 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет16 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа1 ден

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет1 ден

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 дена

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 дена

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ2 дена

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија2 дена

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ2 дена

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Досие