Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Пендаровски на форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре, ќе престојува во посета на Израел, каде што ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари, и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во светскиот меморијален центар на холокаустот, „Јад Вашем“, во Ерусалим, на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамките на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.

Пендаровски ќе има билатерална средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел, Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Објавено пред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на панелот на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ во рамките на Светскиот економски форум, што се одржува од денеска до 24 јануари во Давос, Швајцарија.

Министерот Димитров настапи на панелот посветен на стратегискиот дијалог за земјите на Западен Балкан како една од главните иницијативи на агендата на годинешниот форум. Меѓу учесниците, а во својство на специјални гости, беа поканети: Бојко Борисов, премиер на Бугарија, Сума Чакрабати, претседател на Европската банка за реконструкција и развој, Кристалина Георгиева, управен директор на ММФ, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Марјан Шарец, премиер на Словенија, Александар Вучиќ, претседател на Србија, и Хашим Тачи, претседател на Косово. Меѓу другите учесници беа и Томас Гремингер, генсек на ОБСЕ, Ан Линде, МНР на Шведска, Мевљут Чавушоглу, МНР на Турција, како и голем број извршни директори на познати светски и водечки компании.

Панелот за Западен Балкан се одвиваше во два дела – едниот посветен на последните политички случувања во земјите од Западен Балкан и очекувањата за 2020 година и вториот дел со фокус на потикнување на економскиот раст во земјите од регионот.

„Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и регионот туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива“. Димитров истакна дека во меѓувреме е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни.

На маргините на Форумот министерот Димитров имаше куси средби со премиерите на Република Бугарија и Република Хрватска.

На средбата со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, се разговараше за договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Премиерот Бојко Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во разговорот со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, Димитров му се заблагодари нему лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со советот на ЕУ за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија држејќи го нашето прашање високо на агендата на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев се сретна со европратеникот Шидер: Започнувањето преговори со ЕУ ќе значи дополнителен мотив за реформите

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Едмонд Адеми се сретна со Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

На средбата, претседателот Заев се осврна на актуелната состојба во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.

„Со внимание ги следиме пораките од официјалните претставници на ЕУ, пред три ден имавме позитивна средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји кои упати позитивни пораки околу процесот на проширување на ЕУ. И покрај историската грешка на ЕУ, не губиме надеж. Веруваме дека во наредниот период преку отпочнување на преговорите, ќе се оствари клучниот чекор кон реализација на нашата стратешка цел – членство во ЕУ.Започнувањето на преговори со ЕУ освен што ќе значи исправање на историската грешка, ќе биде и дополнителен мотив, уште позасилено да продолжиме со реформите“, истакна Заев.

Осврнувајќи се на процесот на изборите и функционирањето на предоната влада, претседателот Заев посочи дека институциите и преодната Влада се подготвени да спроведат чисти, фер и демократски избори, а СДСМ е подготвен за избори.

„Преодната Владата согласно пржинскиот модел функционира добро и е ставена во функција на организирање на фер и слободни избори. СДСМ е подготвена за избори. Течат финалните подготовки за Програмата, се креираат решенија во интерес на граѓаните. На овие избори СДСМ ќе покаже дека суштински е за целосна родова рамноправност, на парламентарните избори ќе сведочиме на 50 отсто застапеност на жените на листите за пратеници“, заклучи претседателот Заев.

Од страна на европратеникот Шидер беше поздравен напредокот што земјава го направи во последните две и пол години и одново беше реафирмирана поддршката што Европскиот парламент, а особено групата на Социјалисти и демократи ја даваат на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет7 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија11 час

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија12 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ12 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија12 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија14 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија14 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија14 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија15 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет15 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет16 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет16 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион16 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет17 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет19 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет19 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија20 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура1 ден

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Досие