Надворешна политика
Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол.
Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување.
Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.
Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров – Вархеји: Крајно време е да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори

На првиот ден од работната посета на Брисел, Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.
Димитров порача дека и покрај неисполнетото ветување на октомврискиот Европски совет, Владата го задржа фокусот на реформската агенда и интензивно работи на убедување на земјите членки дека отворањето на преговорите со Северна Македонија ќе биде заслужен чекор што ќе придонесе за одржување на реформскиот процес внатре во земјата и ќе послужи како охрабрување за останатите земји во регионот. Во однос на методологијата, министерот Димитров потенцираше дека сè што ќе ги направи преговорите подобро структурирани, поефикасни, пофер, посуштински и покредибилни е прифатливо и е од интерес и за Северна Македонија.
„Потребно е заеднички да создадеме контекст од кој на крајот сите ќе излеземе како победници. Исходот од октомврискиот Совет на ЕУ создаде несигурност која е неопходно да се коригира што е можно побрзо. Се согласуваме со унапредување на преговарачкиот процес, но бараме носење на одлуката за почеток на преговорите без натамошно одлагање. Временската рамка е важна и со нетрпение ќе ги очекуваме предлозите на Европската Комисија. Немаме што да изгубиме од повеќе строгост во оценувањето ниту од враќање на „резервната клупа“ кога земјата не покажува резултати. Меѓутоа, ниту најдобрата методологија нема да може да го компензира отсуството на политичка волја. За тоа ни е потребен еднаков терен и јасни правила на игра кои ќе овозможат прифаќање на обврските, но и реално придвижување напред кон членство и конкретни бенефити по патот, доколку обврските задоволително се остваруваат. Северна Македонија со ЕУ реформите и разрешувајќи ги билатералните прашања со соседите веќе го пречекори прагот, тоа сите го признаваат, и очекува набрзо да и’ се овозможи еднакво како и останатите да се докажува на европскиот пат. Нестрпливо очекуваме да го започнеме реформскиот натпревар. Европа без европската перспектива за зачленување на земјите од ЗБ нема да биде комфорно и пристојно место. Време е за лидерство бидејќи влоговите се високи“ истакна Димитров.
Тој имаше прва средба со комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на која заеднички беше констатирано дека е крајно време да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори, со што исходот од октомврискот Совет на ЕУ може да се преточи во заеднички успех.
„Зајакнатата и блиска соработка со Европската комисија, како наш најблизок сојузник и партнер, е важен елемент во постигнувањето на оваа цел“ – потенцираше МНР Димитров.
На средбата се разговараше и за следните чекори поврзани со подобрување на пристапниот процес и беше договорена посета на комесарот Вархеји на Северна Македонија во јануари следната година.
Во рамки на посетата на Брисел, Димитров се сретна и со Франсоа Ру, шеф на кабинет на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Димитров ги претстави нашите очекувања за претстојниот период во контекст на одлуката на Европскиот совет и го запозна соговорникот со најновите реформски активности во земјата во клучните области, како и со унапредувањето на добрососедските односи.
За време на работниот престој во Брисел, Димитров предвидено е да има средба со шефот на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на групата Обнова на Европа, Дачијан Чолос, како и со повеќе европратеници, вклучувајќи ја и групата Пријатели на Северна Македонија во Европскиот Парламент.
Македонија
Дескоска во Хаг ќе потпише три конвенции

Денеска во Хаг, министерката за правда, Рената Дескоска, во името на Владата ќе потпише 3 меѓународни конвенции и еден протокол. Станува збор за три меѓународни конвенции кои се развиени под покровителство на Хашката Конференција – две за заштита на правата на детето, како и уште еден инструмент со кој се унапредува системот на меѓународното трговско право и решавањето на споровите кои произлегуваат од меѓународните трговски трансакции.
Станува збор за следните 4 меѓународни инструменти на Хашката Конференција:
-Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година;
-Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година;
-Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година; и
-Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година.
Македонија
Турскиот министер Мевљут Чавушоглу во Истанбул прими делегација на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за надворешни на Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска во Истанбул беше домаќин на делегација од ВМРО-ДПМНЕ претставувана од потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, како и генералниот секретар Игор Јанушев.
Од опозициската партија информираат дека на средбата се разговарало за односите и соработката меѓу турската партија АКП и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.
„На средбата стана збор и за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатираше дека односите се добри, но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите. ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори“, се наведува во партиското соопштение за средбата.
Теми во разговорот биле и турската заедница во Македонија и културите односи меѓу Македонија и Турција, за што исто така било оценето дека постои простор за дополнително продлабочување.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци