Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Проштална средба на Димитров со турската амбасадорка во земјата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари проштална средба со амбасадорката на Република Турција во земјата, Тулин Еркал Кара.

Димитров изрази благодарност за заложбите на амбасадорката Еркал Кара во унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу двете земји посакувајќи ѝ успех во следните професионални ангажмани и предизвици. Особено беше нагласено задоволството што набргу Македонија од природен, ќе стане и официјален сојузник на Република Турција во НАТО, со што двете држави ќе соработуваат заедно во засилувањето на безбедноста на нашиот регион, но и на цела Европа.

Амбасадорката Кара, реафирмирајќи ја силната поддршка што Турција ѝ ја дава на Македонија, изрази охрабрувачки пораки за претстојното финализирање на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО, како и за понатамошен напредок кон ЕУ. Воедно, изрази благодарност за одличната соработка и поддршка што ѝ беше искажана од страна на македонските институции за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, кои бележат посебен подем во економијата, инвестициите, туризмот, културата, образованието, здравството и одбраната, како и за можностите за унапредување на соработката и во сите други области од заемен интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Интеграциите во ЕУ остануваат највисок приоритет на земјава

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања во владата на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф-Пфорнер.

„Одличните билатерални односи помеѓу нашите земји се очигледни на повеќе нивоа иако најактуелна во изминатиот период беше поддршката за нашите европски интеграции, особено гласната поддршка за време на октомврискиот самит, па слободно можам да кажам дека во Германија гледаме партнер во целокупниот евроинтегративен процес“, истакна Османи посочувајќи дека напорите на Германија за поддршка на земјава се очигледни и преку Берлинскиот процес, кој се покажа како суштинска платформа за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан, но не е помалку значајна и билатералната помош што Северна Македонија ја добива преку директна финансиска и техничка помош за националните институции и за реализација на регионалните иницијативи.

Во продолжение на средбата се разговараше за прашањата поврзани со текот на европската интеграција на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји во контекст на европската интеграција, билатералната помош и трговската размена меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за понатамошни иницијативи за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Германија.

„Наша стратешка определба останува интеграцијата во ЕУ и НАТО, продолжуваме да работиме на реформите, усвојувањето и спроведувањето на европските правила и стандарди за приближување на земјата кон ЕУ и, конечно, почнување на преговорите за полноправно членство во Унијата“, заклучи Османи на средбата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Објавено пред

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на пристапниот процес. Но, практично никој не верува во оваа причина. Стравот ни е дека ќе станеме втора Турција, земја која е постојан кандидат за пристапување, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за германскиот весник „Шпигел“ на прашањето како францускиот претседател, Емануел Макрон, го оправдал недоделувањето датум за почеток на преговорите.

Пендаровски вели дека недобивањето датум било големо изненадување и шок, пред сè, зашто земјата направила нешто уникатно во модерната светска историја и го сменила името.

„Недобивањето датум за преговори беше длабок шок и целосно изненадување за нас. Иако претседателот Макрон најави дека сака да го реформира процесот на пристапување во ЕУ, сите се надеваа дека нема да го блокира почетокот на преговорите со Албанија и мојата земја, Северна Македонија. Тоа беше големо разочарување за нашите граѓани, нашата Влада и лично за мене. На крајот на краиштата, ги донесовме сите клучни закони и договори. Пред сè, направивме нешто уникатно во модерната светска историја. За да го решиме спорот за името со Грција, го сменивме нашето државно име од Македонија во Северна Македонија“, вели Пендаровски.

На прашањето кои се опасностите доколку ЕУ во иднина стане помалку вклучена во регионот на Западен Балкан и која е опасноста Русија, Турција и Кина да го наполнат вакуумот, македонскиот претседател вели дека ќе се појават други играчи, но дека не сака да именува држави.

„Најпрво, се појавуваат други играчи. Затоа, ЕУ не треба да погреши да нè разбира само како соседски регион. Покрај тоа, другите земји ќе речат, гледајте, Македонците ги исполниле сите услови, го сменија своето државно име и тоа сè уште не им донесе ништо. Тогаш, зошто треба да направиме сериозен напор? Размислувам особено за Србија и Косово и за конфликтот во врска со признавањето на Косово. Не сакам да именувам држава по име. Но, во светот има центри на моќ кои не се задоволни од проширувањето на НАТО и ЕУ. И во овој контекст земјите од нашиот регион во неколку наврати беа цел на лажни вести, дезинформации или кампањи за дестабилизација“, вели Пендаровски.

На прашањето дали се оправдани сомнежите во Франција, но и во други земји, за дефицит во владеењето на правото, особено по апсењето на ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета за корупција, Пендаровски вели дека аферата не е за самата институција СЈО, туку за поединец.

„Аферата не е за самата институција СЈО, туку за нејзиниот поранешен шеф. Да, тоа беше шок за јавноста. Но, нашето судство одговори одговорно на оваа афера и со целосно владеење на правото“, вели Пендаровски.

„Шпигел“ потсетува дека Македонија е кандидат за членка на Европската Унија 14 години, што е најдолг период од која било друга земја, освен Турција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија7 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ8 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија9 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ9 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија11 час

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија14 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија14 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет15 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет16 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет16 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија1 ден

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет1 ден

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет1 ден

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа1 ден

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет1 ден

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт1 ден

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Досие