Надворешна политика
Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол.
Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување.
Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.
Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Земјите од Јадранската повелба по 16 години конечно сојузници во НАТО

Премиерот, Зоран Заев вчера се обрати на предновогодишниот концерт на трите воени оркестри на Северна Македонија, Хрватска и Албанија.
Во говорот тој порача дека сцените од настапот на припадници на трите армии, заедно како едно, навистина будат емоции.
„Северна Македонија, Албанија и Хрватска уште пред 16 години со потпишувањето на Јадранската повелба, си подадоа рака и решија дека заедно ќе чекорат на патот кон Алијансата. Тоа значи заедно и во добро и во лошо, и кога славиме, и кога треба да си помогнеме кога е тешко“, посочи премиерот.
Тој подвлече дека македонските граѓани длабоко сочувствуваат со загубата што ја предизвика катастрофалниот земјотрес во соседна Албанија.
„Нашите мисли се со вас, нашата поддршка секогаш, како и вечерва, е отворена. Сите кои сме собрани тука вечерва сме сојузници и пријатели и сите сочувствуваме со несреќата на пријателскиот народ. Убеден сум тоа ќе го покажеме со лична донација зашто неволјите полесно се надминуваат заедно“, порача Заев.
Премиерот оцени дека годинава е историска за нашата држава, бидејќи конечо се исполнуваат аспирацуиите за членство во НАТО aлијансата, каде како што рече, трите земји ќе настапат заедно и посилни, како сојузници.
Македонија
Конференција „50 години дипломатија“

Во организација на Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје, денеска, во Министерството за надворешни работи, ќе се одржи конференцијата „50 години македонска дипломатија“.
На конференцијата воведно обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер.
Пред присутните ќе се обратат и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, државниот секретар Зоран Попов, дипломати и амбасадори во Министерството за надворешни работи, а од дипломатскиот кор ќе се обрати амбасадорот на Словенија во земјата, Милан Јазбец.
Во фокусот на обраќањата ќе биде развојот на дипломатската служба од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, кое е претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое се етаблира во 1991 година на Денот на независноста.
Македонија
Заев и Борисов си закажале средба по Нова година, конкретни чекори за договорот со Бугарија по изборите

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, вчерашната куса средба на носачот на авиони „Хари С. Труман“ ја искористиле да си закажат нова средба по Нова година, на која ќе се обидат да најдат решение за напредок за блокираните преговори за историските прашања, брифираат извори од Владата.
На последниот состанок Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не најде решение за средниот век во учебниците и за чествувањето на Гоце Делчев.
„Ќерката на премиерот студира во Софија. Тој планира да ја посети, а посетата ќе ја искористи и за средба со премиерот Бојко Борисов. Тој повеќе нема да е премиер, но на средбата ќе оди како политичар. На средбата е можно да дојде и министерот Никола Димитров, а планот е да разговараат како во иднина да го деблокираат процесот на преговори. Конкретни чекори ќе има по изборите оти не е пожелно за време на избори да се решаваат вакви прашања“, велат од Владата.
Преговорите се во ќор-сокак, како што велат од Владата, поради тоа што сите сакаат од овие преговори да излезат како победници, особено за прашањето за Гоце Делчев.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми