Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

Објавено пред

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот премиер, Џастин Трудо, на својот твитер-профил.

„Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји“, додава Трудо на „Твитер“.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон имаше средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез, и со германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Пленковиќ: Успехот на Северна Македонија е израз на реформите

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70 -годишнината од постоењето на алијансата оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на Северна Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики.

Премиерот Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Северна Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО.

На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ кога на последниот самит на Европскиот совет не беше одобрено почнувањето на преговори со Северна Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Северна Македонија да го почне и овој процес.

На средбата беше речено дека тоа е силен мотив за продолжување на реформите во земјата, а комплетирањето на евро-атлантските аспирации на Северна Македонија е од особено значење и за одржливиот мир и стабилноста на регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70-годишнината од постоењето на алијансата.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев:

„Овие два дена во Лондон, кога нашата Северна Македонија е претставена на највисоко владино ниво на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70-годишнината од алијансата, се остварува сонот, заедничкиот сон за национален успех на сите наши граѓани.

Го живееме сонот на генерациите пред нас, на сите граѓани и лидери од нашата земја, кои се вградени во остварувањето на стратешкиот стремеж, кој почна со независноста на нашата земја – се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО. Иднината на Северна Македонија има адреса. На таа адреса се запишани трајната безбедност и сигурноста за земјата и за граѓаните. Таа адреса е главното седиште на НАТО во Брисел.

И во Брисел, исто како тука во Лондон, уште еднаш ќе се крене и ќе остане кренато знамето на Северна Македонија како на земја полноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз на светот. Тоа ќе биде многу бргу кога и последната земја членка и наш сојузник – Шпанија, ќе ја депонира ратификацијата на протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон. За тоа добив апсолутно уверување од шпанскиот премиер Санчез.

Овие два дена во Лондон, во друштво на лидерите на сите земји членки, на средбите со премиерите на Обединетото Кралство и на Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо, потврдуваме дека НАТО е најмоќниот безбедносен и воен сојуз, но и симбол и синоним на највисоки демократски вредности, а ние сме дел од ова моќно семејство.

Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните, младите и децата имаат сигурна иднина. Денеска со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси, кои нè ставаат во редот на сојузниците со кои заеднички ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста и за мирот.

Овој генерациски успех на нашата земја нека биде поттик за ЕУ да ја поправи својата грешка во однос на нашето почнување на преговорите за членство, а за сите нас дома нека биде поттик уште посилно да ги продолжиме нашите реформи и да си ја направиме земјата уште поубаво и подобро место за живеење.

Да ги одржиме мотивацијата и силната енергија што нè крепеа на патот за членството во НАТО со иста таква сила и во процесот за членство во ЕУ. Оваа гордост, што сосема оправдано сите граѓани ја чувствуваме овие денови, е горивото да продолжиме со одлучноста, посветеноста и храброста и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ. Македонските граѓани заслужија убава иднина, денес НАТО го потврдува тоа“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Македонија58 минути

(Видео) Орце Камчев без неговата сопруга дојде да сведочи во судот за „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев пристигна во судот, како сведок за случајот „Рекет”. Денеска требаше да сведочи и неговата сопруга Ана, која...

Свет2 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет2 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет3 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет3 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија3 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет3 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија3 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа14 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет18 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија20 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија20 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија21 час

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие