Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјава.

Министерот Димитров се заблагодари за исклучителниот придонес на амбасадорот Стафансон во развивањето на македонско-шведското пријателство за што му врачи и благодарница за неговиот плоден ангажман и искрена, отворена и конструктивна поддршка кон демократската трансформација и европските аспирации на нашата земја.

„Вашата мудрост, добронамерни и пријателски совети, како и професионалниот пристап во работата, оставија силен печат во нашето општество, а воедно и меѓу дипломатскиот кор како доајен. Особено ми претставува задоволство што, меѓу другото, за време на Вашиот мандат беше интензивирана и размената на посети на високо ниво, а притоа беше усвоена и декларација за соработка меѓу нашите две земји во 2017 година. Кралството Шведска продолжува да служи како наш модел и инспирација при преземање на реформските чекори во духот на европските вредности, а притоа уверен сум дека и Вашиот наследник ќе продолжи со иста динамика да го негува позитивниот тренд на билатерални односи“, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одбележување на 230-годишнината од основањето на Стејт департментот

Објавено пред

Денеска во Министерството за надворешни работи, во присуство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Брнз, беше свечено одбележана 230-годишнината од основањето на американскиот Стејт департмент. По овој повод, министерот Димитров и амбасадорката Брнз отворија изложба на избрани фотографии кои сведочат за континуираното пријателство меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи до денес.

Димитров во своето обраќање се осврна на билатералните односи засновани на споделени вредности и стратешко партнерство. Тој ја истакна значајната улога на колегите од американскиот Стејт депертмент, кои низ изминативе 25 години ја поддржуваа и помагаа во надминување на предвизиците со кои се соочуваше земјата. МНР Димитров: „Имаше моменти кога нашите пријатели и колеги од Стејт департментот играа клучна улога помагајќи ни да ги надминеме пречките на нашиот пат кон градење посилна земја, динамична демократија и општество. Благодарни сме им на Соединетите Држави што беа на наша страна во текот на сите овие години. Фотографиите изложени околу нас се неподвижни, а сепак живописни слики на едно динамично минато, исполнето со важни настани како доказ за цврсто воспоставеното пријателство и соработка. Многу од нив поттикнуваат лични емоции и спомени на работење со истакнати американски дипломати во текот на мојата кариера.“

Воедно, министерот се заблагодари и оддаде признание на сите кои со својата работа, личен ангажман и посветеност, оставија „значајно и трајно камче во мозаикот на односите и соработката меѓу двете пријателски земји. Секако, има уште многу други – дипломати, амбасадори, министри, политичари, бизнисмени, академици, студенти и пријатели, на кои денес оддаваме благодарност и кон кои се обврзуваме да продолжиме да работиме во корист на доброто за иднината на нашите две земји и народи“ – истакна МНР Димитров. Амбасадорката Брнз се заблагодари на министерот Димитров и Министерството за надворешни работи за ко-организацијата на овој настан, истакнувајќи, меѓу другото, дека четвртина столетие на соработка и поддршка од САД е демонстрација на цврстата определба во остварувањето на заедничката визија за безбедна и просперитетна држава.

На настанот присуствуваа претставници од државни, невладини, образовни и други институции од Република Северна Македонија, од Амбасадата на САД, поранешни министри за надворешни работи и амбасадори, како и други гости кои со својата работа и ангажман придонеле во унапредувањето на односите меѓу двете земји.

Изложбата на фотографии ќе биде отворена за јавноста во холот на Министерството за надворешни работи до 30 август 2019 година, секој работен ден од 10 до 15 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Српската премиерка в понеделник во посета на Скопје

Објавено пред

Премиерите на Србија и Северна Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев, в понеделник официјално ќе го одбележат почетокот на работата на интегрираниот граничен премин Прешево-Табановце меѓу двете земји.

Според српската влада, по отворањето на граничниот премин, Ана Брнабиќ ќе разговара со македонскиот премиер во Скопје, а предвидена е и средба меѓу делегации на двете држави и потпишување неколку договори за соработка, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија....

Македонија4 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ5 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет5 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет6 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа7 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион8 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт8 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија8 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт8 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет20 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија23 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија23 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет23 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа24 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Досие