Контакт

Надворешна политика

Регионален состанок на шефовите на полициите од балканските земји во Рим

Објавено пред

Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, а во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува деновиве во Рим во организација на Европол. 

Според Савовски ова се однесува и на Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување. 

Савовски додаде дека денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза, а токму затоа Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција, со кого констатирале значителен напредок во соработката на двете полициски служби, со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза./крај/мф/бс

Македонија

Груби во Вашингтон се сретна со Американскиот Сенатор Џонсон

Објавено пред

Во текот на посетата во Вашингтон, Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за соработка со САД, воедно и Организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби се сретна и со Американскиот Сенатор Рон Џонсон од Комисијата за Надворешна политика на Американскиот Сенат, претседавач на Поткомисијата за Европа и регионалната соработка за сигурност.

Груби и Џонсон разменија мислења за процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот, реформите во правото како и дијалогот Косово-Србија.

Сенаторот Џонсон зборуваше за процедурата на донесување на ратификацијата на Пртотоколот за членство во НАТО и изрази целосна поддршка за пречек на нашата земја како 30-та членка на Североатланската алијанса.

Груби ја спомна посетата на Сенаторот Џонсон минатата година во Скопје во поддршка на затварање на прашањето за името како продолжение на големата Американска поддршка кон нашата земја.

Груби го запозна Сенаторот Џонсон за напорите на ДУИ во насока на изградење на демократските капацитети преку владеење на правото, интегритетот на носителите на државни функции, транспарентноста и ветингот.

Сенаторот Џонсон, исто како и Американскиот Стејд Департмент еден ден претходно, го запозна Груби со интензвните американски напори за помош при добивање на датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Груби и Џонсон особено дискутираа и за дијалогот Косово-Србија, согласувајќи се дека примерот со Преспанскиот договор треба да се следи и од авторитетите во Приштина и Белград.

Во Американскиот Конгрес, Груби истотака учествуваше како гостин на неделните молитви каде се сретна со преку 10-тина Американски Конгресмени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев в понеделник на Генералното собрание на ОН

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик претседател во Владата за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.

Премиерот Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.

Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од Претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.

Официјалното обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби во Стејт департментот на разговори за политичката ситуација во земјата и реформите во ДУИ

Објавено пред

За време на посетата на САД, претседателот на Комисијата за европски прашања и секретар на ДУИ, Артан Груби, престојуваше во американскиот Стејт департмент, каде што оствари работна средба со Даниел Костеланцик, директор на Канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот.

Како што информираат од Комисијата за европски прашања, на средбата се разговарало за политичките случувања во Северна Македонија, системските реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата, ратификувањето на протоколот за членство во НАТО и датумот за почнување на преговорите со Европската Унија, како и внатрепартиските реформи во ДУИ.

Груби изразил благодарност за силната поддршка на САД за Северна Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, владеењето на правото и реформите.

Тој зборувал и за двостепениот процес (ветинг, т.е. проверка) предложен од ДУИ за проверка на интегритетот на функционерите како начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Предмет на проверка на интегритетот, како што рекол Груби, би биле политичарите, носителите на јавните функции, обвинителите и судиите.

Ја изразил и посветеноста на ДУИ да се ангажира за неселективна правда, донесување на законот за Јавното обвинителство и владеење на правото воопшто.

На средбата се разговарало и за процесот на внатрепартиските избори во ДУИ и изготвувањето на новата партиска програма.

Груби во рамките на средбата остварил и средби со американски сенатори и конгресмени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион12 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија13 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ15 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ15 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ18 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет20 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет20 часа

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ20 часа

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ20 часа

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет22 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие