Надворешна политика
Шекеринска: Добивме силна поддршка од германските социјалдемократи
Германските социјалдемократи даваат силна поддршка за тоа Македонија да се врати на европскиот пат, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во вторникот по средбата со германскиот пратеник Метин Хакверди.
„Овие 10 години, се загубени години за нашата европска перпектива и за нашето членство во ЕУ. Меѓутоа тоа време е зад нас, имаме политика, имаме план, имаме јасна програма, како Македонија повторно да ја вратиме на европската мапа. И како Македонија да не се гледа само низ призмата на бегалската криза, нешто што за жал ни се случува сега, туку како на земја којашто заслужува да биде членка на ЕУ“, рече Шекеринска.
Според неа, поддршката од страна на германските социјалдемократи во овој процес е од огромно значење.
„Сега ќе имаме повторно обврска да ја вратиме Македонија во европскиот процес, да ги почнеме преговорите и успешно да го реализираме нашиот стратешки приоритет што сите не поврзува, а тоа е Македонија да стане членка на ЕУ. Задоволство ми е што повторно во овој процес ќе добиеме силна поддршка, како граѓани на Македонија, од страна на социјалдемократите во Германија. Коишто со својот од неодамна подготвен документ велат дека местото на Македонија, како дел од Западниот Балкан е во Европа“, рече таа.
Според германскиот пратеник Хакверди, Германија сака да го забрза процесот на интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ, а тоа може да биде постигнато само преку соодветните политички реформи.
„Ова се тешки времиња. Имаме процес со Солун веќе 12 години и за мене изгледа како процес што забавува. Ние сакаме да го забрзиме овој процес во оваа точка и проблемите што се зборуваат со години да почнат да се менуваат. Ние зборувавме за бегалската криза, што не треба да биде оправдување за политичките реформи во државата. На бегалската криза ние гледаме како шанса да зборуваме за реформите коишто треба да бидат направени во државата. Зборувајќи за потенцијален нов датум за избори во Јуни или друго време, за нас е поважно да има фер избори, наместо брзи избори, посебно во областа на јавниот сервис и слободата на медиумите генерално, но посебно пред одржувањето на изборите“, порача Хакверди./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.