Надворешна политика
Спасовски: Заштита на животот и здравјето на мигрантите, но и на националната безбедност
Во услови на масовен прилив на мигранти како што тоа се случува во моментов, Македонија има поставено две примарни цели, првата е заштита на животот и здравјето на мигрантите, сузбивањето на криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе, а втората е заштита на националната и јавната безбедност и јавното здравје, истакна во петокот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во рамките на регионалната конференција посветена на миграцијата на балканската рута.
Според Спасовски во изминатите шест месеци беа направени бројни законски измени со цел да им се овозможи на странските државјани на граничните премини или во внатрешноста на државата да искажат намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
„Оваа мерка имаше две главни цели: полицијата да добие подобар увид во состојбата и да има подобра евиденција и второ, мигрантите да може да го легализираат својот престој во земјава со што на располагање би ги имале и средствата за јавен превоз, и со тоа практично го намаливме ризикот по животот и здравјето на мигрантите, а воедно и ги подобривме условите за овозможување на хуманитарна и здравствена помош на мигрантите“, нагласи Спасовски.
Меѓутоа, како што потенцираше Спасовски, законските измени доведоа и до дополнителен ангажман на институциите во Република Македонија.
„Вонредно се ангажирани дополнителни човечки и материјално-технички ресурси на сите надлежни институции во државата со цел соодветно регистрирање на мигрантите, како и обезбедување на неопходна помош при нивниот влез и транзит. Од аспект на Министерството за внатрешни работи, справувањето со миграционата криза претставува дополнително оптоварување на буџетот“, изјави Спасовски.
Илустрирајќи го изнесеното Спасовски илустрираше дека МВР троши повеќе од еден милион евра месечно, и независно што повеќепати се одржани донаторски конференции, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од страна на Чешката Република, УНХЦР и ИОМ.
Спасовски, исто така, ги поздрави напорите на ЕУ за зголемување на финансиската помош преку ЕУ агенциите и користењето на инструментите од процесот на пристапување, притоа апелирајќи за интензивирање на поддршка за институциите вклучени во справувањето со мигрантската криза, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.