Надворешна политика
Штајнмајер: Спорот меѓу Македонија и Грција не може да се реши набрзо
Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер смета дека спорот за името меѓу Македонија и Грција не може да се реши во наредните две или четири седмици, иако Германија притиска за што поскоро решавање на овој проблем кој е главна препрека за македонските евроатлански интеграции.
Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер смета дека спорот за името меѓу Македонија и Грција не може да се реши во наредните две или четири седмици, иако Германија притиска за што поскоро решавање на овој проблем кој е главна препрека за македонските евроатлански интеграции.
Според Штајнмајер, големите земји како Велика Британија и Германија имаат влијание во ЕУ, но го поддржуваат меѓународното посредништво за изнаоѓање на решение во овој спор, пренесува Deutsche Welle.
„Ние од различни страни го поддржуваме меѓународното посредништво да се изнајде решение во оваа ‘борба’ меѓу Грција и Македонија. Ако сме присилени да најдеме одржливо решение за економската ситуација во Грција, треба да се најде и пат за решавање и на другите прашања. Но, не верувајте во изјавите за можниот успех во текот на наредниве две или четири седмици. Ни треба време и понекогаш поголема одговорност во земјите членки. Ние немаме шанса да наредиме, да наметнеме некакви решенија во Европската унија! Понекогаш е тешко партнерите да се убедат, но тоа е единствениот пат да се оди напред. Притисокот и брзањето понекогаш се потребни, но токму во последниве пет-шест години, во овој случај ( спорот со името н.з.) се покажа дека не беа успешни“, изјави Штајнмајер, кој во средата присуствуваше на Шестата Аспен конференција во Берлин, а на која учество земаа и министрите за надворешни работи од западен Балкан, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Говорејќи за Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија, Попоски порача дека земјата ќе работи на сите нотирани проблеми, но истовремено потенцираше дека македонските граѓани имаат и свои очеквања од ЕУ.
„Како и во физиката, така и во политиката, има закон на акција и реакција. И има последици од добивањето на шесте последователни препораки од Комисијата, кои не донесоа старт на пристапните преговори. Можеби треба да се работи на внатрешнополитички прашања, на меѓуетничките или меѓурелигиските односи, но од друга страна граѓаните имаат очекувања од ветувањата од ЕУ и гледаат што се исполнува. Врз реалноста на луѓето најмногу се рефлектира ситуацијата што и шест години по позитивните препораки на Комисијата ние сме одбиени и сме во полоша ситуација од 2009 година. Но, би повторил: Македонија е дефинитивно исто толку подготвена за старт на пристапните преговори,колку што беше во 2009 година “, изјави Попоски.
Според македонскиот министер, според теоријата и тоа што е напишано за функционирањето на Европската унија, важни се вредностите, принципите како почитувањето на меѓународното право, вредностите околу самоиндентификацијата, околу името на државата и слично.
„Во 1995 направивме мошне болен компромис кога го прифативме бесмисленото именување во Обединетите нации, го сменивме знамето, уставот. Сето тоа го направивме со цел – нашиот сосед да ни гарантира дека нема да ја блокира нашата евро-атлантска иднина. Сега научивме дека има онакви кои се внатре (во ЕУ н.з.), и оние кои се надвор.И меѓу нив не може да се дискутираат работи како меѓународното право и одлуки од Меѓународниот суд на правдата од 2011. Не велам дека сега ние ќе ја смениме реалноста. Живееме во реален свет во кој нашите грчки пријатели се внатре во ЕУ, а ние сме оние кои сме надвор. И доколку се дискутира за предизвиците, оваа условеност да функционира, треба да се каже Македонија ќе го сработи ова и ќе го добие тоа што треба!“, изјави Попоски, кој за време на посетата на Берлин имаше разговори и со својот домаќин Франк Валтер Штајнмајер, потоа со британскиот шеф на дипломатијата Филип Хамонд, како и со високи претставници на германската Влада и пратеници на Бундестагот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.