Надворешна политика
Столтенберг: Потребен е консензус за членството на Македонија во НАТО
НАТО и натаму ја поддржува Македонија во патот кон полноправно членство во Алијансата, но за да се постигне ова останува веќе постоечкиот услов од самитот во Букурешт 2008-та година, а тоа е изнаоѓање на заемноприфатливо решение за спорот за името, порача во средата генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел.
НАТО и натаму ја поддржува Македонија во патот кон полноправно членство во Алијансата, но за да се постигне ова останува веќе постоечкиот услов од самитот во Букурешт 2008-та година, а тоа е изнаоѓање на заемноприфатливо решение за спорот за името, порача во средата генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел.
„Бев присутен на самитот во Букурешт во 2008-та година, НАТО е посветено кон поддршката за вас на патот кон членството, ја повторивме оваа позицијата и на самитот во Велс, мора да се постигне заедничко прифатливо решение за името пред Македонија да се приклучи кон НАТО. Знаете дека НАТО се заснова на консензус и потребен е консензус од 28-те земји членки“, порача Столтенберг.
Премиерот Никола Груевски, пак, изјави дека членството во Алијансата останува цврста определба и на Македонија и на НАТО, при што важно е да продолжи политиката на НАТО по однос на „отворените врати“ за нови членки.
„Македонија има сили, ќе ги издржи сите блокади и ќе излезе посилна, ќе продолжи со сите реформи и ќе биде подобро место за живеење“, порача тој.
Македонскиот премиер се осврна и на моменталната политичка состојба во земјата, порачувајќи дека сé што е во ингеренциите на Владата ќе биде направено и дека истрагата ќе биде транспарентна и јасна.
„Подробно ја опишав ситуацијата што се случуваше во последниот период, тргнувајќи од сето она што ми беше презентирано на разговорите со шефот на опозицијата и сé што беше откриено од Министерството за внатрешни работи, како и признанијата на одредени луѓе во судската постапката за илегалните работи што ги направиле, сето останато е дел од натамошната судска постапка која ќе биде јасна и транспарента и отворени сме за каков и да е мониторинг“, потенцираше Груевски.
Генералниот секретар на Алијансата изјави дека НАТО со загриженост ги следи последните случувања и потенцираше дека во целата постапка мора да бидат почитувани демократските стандарди и да се овозможи независна и темелна истрага.
„Не би можел да коментирам за наводите за странски служби кои се активни во Македонија, но ја истакнав важноста на слободата на медиумите, потоа да и’ се овозможи на опозицијата да има добри работни услови и тоа се демократски вредности кои треба да бидат почитувани од сите коишто се вклучени, треба да постои независна темелна истрага за наводите кои што постојат“, порача Столтенберг, повикувајќи ги сите политички сили во земјата да дејствуваат одговорно и да остварат конструктивен дијалог./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.