Надворешна политика
Тим на ЕК од понеделник ќе проценува што и е потребно на Македонија да се справи со мигрантите
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот Аиво Орав, во сабота го посетија прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.
„Решенијата на национално ниво се парцијален пристап и без ефективна реакција од ЕУ нема да се подобрат состојбите со менаџирањето на миграциските процеси. За индивидуалните или вкупните напори кои ги правиме на национално ниво секоја од државите, посебно во рутите кои се транзитни на мигрантите кои доаѓаат од Република Грција, веќе сме сведоци на реакции или на индивидуални решенија секоја држава посебно. Потребно е да се најде глобално решение кое ќе биде согласно највисоките европски стандарди на солидарност и хуманост“, рече Чавков.
Еврокомесарот Хан најави ека ЕУ ќе и помогне на Македонија.
„Ќе и помогнеме и на вашата земја да излезе на крај од ситуацијата. Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање”, изјави Хан.
Исто така евроамбасарот нагласи дека увидел дека Република Македонија успешно се справува со ситуацијата со бегалците изразувајќи притоа благодарност до властите.
„Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка сè со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација“, нагласи Хан. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.