Надворешна политика
Унапредување на односите и соработката меѓу Македонија и Хонгконг
Унапредување на соработката на полето на економијата, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, како и остварување соработка во други полиња од заеднички интерес, беа темите на разговорот на македонскиот премиер Никола Груевски и главниот извршител и претседател на Извршниот совет на специјалниот административен регион Хонгконг, Лунг Чун-јинг, на средбата што во четвртокот се одржа во Хонгконг.
Двајцата соговорници истакнале оти во идниот период ќе се залагаат за унапредување на односите и соработката помеѓу двете земји и македонските и бизнисмените од Хонгконг, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на кабинетот на премиерот на Република Македонија.
„Премиерот Груевски информираше за реформите кои се спроведуваат за овозможување позитивна бизнис клима и за поволностите кои земјата им ги нуди на странските инвеститори за отворање бизнис во Македонија. Беше разговарано и за спроведување на процедурите кои би воделе кон потпишување договори за унапредување на економските односи и заокружување правна рамка за продлабочена соработка меѓу двете страни, кои се иницирани од македонската Влада“, се вели уште во соопштението.
На средбата соговорниците разговарале и за можностите за соработка во образованието, при што премиерот Груевски понудил стипендирање на студенти од Хонгконг за студирање на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
„Имавме можност да размениме мислење за повеќе работи, но и да поразговараме за повеќе договори кои би ги потпишале за идниот развој на економските односи со Хонгконг. Разговаравме за договорот за одбегнување на двојното оданочување и за договорот за заштита на инвестициите. Отворивме и други полиња каде што би можело во иднина да има соработка, како што се туризмот и филмската индустрија“, изјави премиерот Груевски по средбата.
Од кабинетот на премиерот информираат дека претседателот на Извршниот совет на Хонгконг Лунг Чун-јинг, позитивно ги оцени реформите за унапредување на деловната клима кои ги спроведува нашата земја и истакнал поддршка за унапредување на економската соработка.
„Хонгконг е отворена економија и ги повикуваме македонските бизнисмени за соработка, а хонгконшките бизнисмени имаат отворен ум за соработка со странски партнери. Гледаме напред во соработката со македонската Влада и македонските бизнисмени“, изјавил по средбата Лунг Чун-јинг.
Посетата на владината делегација продолжува со одржување на бизнис форум во Хонг Конг./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.