Надворешна политика
Вељаноски: Опозицијата има сериозна улога во системот
Демократијата подразбира постоење на соодветна рамнотежа меѓу мнозинството, како победник на изборниот процес и опозицијата од друга страна како соодветна противтежа на власта и како субјект за кој се одлучиле помал број на гласачи, чија одлука и волја мора да се почитуваат и уважуваат, што значи дека опозицијата е неопходност во едно демократско општество, истакна собранискиот спикер Трајко Вељаноски во петокот во Осло на Европската конференција на претседатели на парламенти.
„Постоењето на опозицијата само по себе не е доволно за постоење на политички дијалог, потребно е да постои политичка волја, но пред се капацитет и способност да се игра улогата на ефективна и квалитетна опозиција. За да стане збор за вистинска опозиција, а од таму и за неопходност од постоење на соодветна рамнотежа со мнозинството, потребно е опозицијата да поседува и покаже способност да учествува ефективно и одговорно во политичкиот процес. Во спротивно се доаѓа, би рекол, до една контрадикторност, односно се губи смислата од постоење на таквата опозиција, а потребата од неа и понатаму стои“, порача Вељаноски.
Претседателот на македонското собрание додаде дека работењето на Собранието на Република Македонија е уредено со Закон за Собранието и Деловник, чии одредби не го фаворизираат ниту владејачкото мнозинство, ниту опозицијата, туку ја обезбедувааат рамноправноста и одговорноста на секој пратеник во целокупниот процес на донесување на закони, односно во сите активности на Парламентот.
„Со донесувањето на Законот за Собранието, дополнително се зајакнаа правата и обврските на сите пратеници. Токму со овој закон се зајакна надзорната функција на Парламентот врз извршната власт, се доби можност секоја собраниска комисија да може да организира надзорна расправа за конкретна тема, односно за примената на одреден закон. Сите овие и уште многу други мерки и практики се воведени и се токму во насока на уважување на потребата од постоење на опозиција и постоење на баланс меѓу опозицијата и мнозинството“, изјави Вељаноски пред своите европски колеги.
Меѓутоа, според Вељаноски не е доволно само да се има опозиција, а некогаш не се доволни ниту добро поставени и избалансирани услови за нејзино функционирање и делување, а затоа е потребна политичка одговорност и зрелост. За Вељаноски, должноста на опозицијата е да понуди политички алтернативи преку развивање на сопствени програми и предлагање алтернативни решенија за одлуките на владата и претставници на мнозинството./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.