Контакт

Надворешна политика

Заниер и Хан ги повикаа македонските политички партии преку дијалог да дојдат до договор

Објавено пред

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори во саботата оствариле средба на која дискутирале за моменталната состојба во Македонија и за следните чекори кои се потребни за да се надминат политичките тензии, соопштуваат од Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Заниер му се заблагодарил на комесарот Хан за неговиот личен ангажман во дијалогот меѓу партиите, потпомогнат од ЕУ, потенцирајќи дека е многу важно сите партии да останат вклучени и посветени на отворен дијалог, на еден конструктивен и транспарентен начин. Заниер изразил надеж дека на следната средба, закажана за среда во Брисел, партиите ќе најдат решенија за сите останати прашања.

Заниер и Хан се согласиле дека одржувањето на предвремените парламентарни избори до април 2016 година, како што беше договорено од политичките лидери минатата недела, ќе биде значаен чекор кон нормализација.

„Слободните и фер избори се витални за зајакнувањето на демократските процеси во земјата. Очекувам дека ОБСЕ/ОДИХР повторно силно ќе делува во набљудувањето на избори, особено во овие важни времиња“, рекол Заниер.

Нагласувајќи дека конечниот извештај на ОДИХР за предвремените избори од 2014 година „потенцираше и бројни недостатоци“, Заниер ја подвлекол потребата од одговорните институции на земјата за целосна и итна имплементација од препораките на ОДИХР за изборните процеси.

„Политичките лидери покажаа волја за да ги решат постоечките проблеми и ги охрабрувам да дојдат до договор со кој ќе се надмине моменталната криза“, додал Заниер./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Бугарската влада испраќа три противпожарни возила, 25 пожарникари и 2 амбулантни возила

Објавено пред

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за справување со пожарите што избувнаа на територијата на Република Северна Македонија, објави бугарската агенција „Бгнес“.

Помошта, како што е најавено, ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево.

Агенциите потсетуваaт дека уште вчера во телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев изјавил дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски и Митева на средба со Сагарц: Изразена загриженост за извештаите за високо ниво на корупција

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, заедно со портпаролката Марија Митева остварил средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка за Република Македонија.

На средбата, како што пишува во партиското соопштение, се разговарало за актуелната политичка состојба и за предизвиците на Македонија во процесот на европската интеграција.

„Муцунски и Митева ја истакнаа својата загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации, во кои преовладува укажување за постоење високо ниво на корупција. Тие го информираа Сагарц дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи, кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството и јавната администрација“, стои во напишаното.

Муцунски и Митева истакнаа дека пристапните преговори треба да почнат што побргу и тоа низ призма на европски вредности и критериуми, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски на средба со Грвала-Шварц: Унапредувањето на добрососедските односи ќе придонесе за стабилноста на целиот регион

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.

На средбата, како што информираат од неговиот кабинет, било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави, кои се пријателски, динамични, засновани на меѓусебно почитување. Притоа соговорниците го реафирмирале интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската, давајќи ја и поддршката за агендата на активностите меѓу владите на двете држави во наредниот период.

Покрај ова, двајцата соговорници разговарале за актуелностите во регионот, соработката и евроинтеграциите, при што било констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и за безбедноста на целиот регион.

Во овој контекст претседателот Пендаровски ја реафирмирал поддршката во однос на дијалогот помеѓу Косово и Србија истаккувајќи дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон јакнење на регионалната стабилност и безбедност.

На средбата биле разменети информации и мислења за ширењето на делта-сојот на вирусот, темпото на вакцинација на граѓаните, како и справувањето со последиците од пандемијата во двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија7 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија9 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија9 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија9 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија11 час

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија13 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ16 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион18 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа18 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија18 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија18 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион19 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет19 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие