Надворешна политика
Затуроска: Во патната инфрастурктура се прават проекти какви што не се паметат децении наназад
Преку Програмата за национални патишта за којашто дадовме силна поддршка како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедија средства за проекти во патната инфраструктура која што ќе ги подобри и осовремени патиштата низ државата и како проекти веќе се влезени во собраниска процедура, рече на прес-конференција во вторникот Лилјана Затуровска, пратеник од владејачката партија во Собранието на Република Македонија.
Преку Програмата за национални патишта за којашто дадовме силна поддршка како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедија средства за проекти во патната инфраструктура која што ќе ги подобри и осовремени патиштата низ државата и како проекти веќе се влезени во собраниска процедура, рече на прес-конференција во вторникот Лилјана Затуровска, пратеник од владејачката партија во Собранието на Република Македонија.
Според Затуроска, дел од средствата обезбедени за реализација на оваа Програма, се однесуваат на изградба и реконструкција на повеќе делници, но денес ќе се задржиме на изградбата на нов автопат од Струга до Требеништа.
„Новиот автопат Струга – Требеништа ќе се протега во должина од 8,5 километри. Ова автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една сопирачка лента широка 2,5 метри во секој правец. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120 (130) км/час. Исто така значајно е да се напомне дека новиот автопат Струга – Требеништа ќе претставува крак кој ќе се поврзува со новиот автопат од Кичево до Охрид кои што веќе е во изградба и се одвива според планираната динамика“, рече пратеничката.
Затуроска, исто така, во продолжени појасни дека изградбата на споменатата делница на ниво на автопат, значително ќе придонесе за олеснување на протокот на сообраќај низ населените места особено во летниот период од годината, но и за исполнување на барањата и потребите на граѓаните од овој предел за зголемување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот во иднина.
Таа таксативно ги наведе повеќе проекти, како што е изградба на автопат од Струга до Требеништа кој треба значително да придонесе и за поквалитетна туристичка понуда, како и за поголема достапност на туристичките знаменитости коишто се нудат во овој регион. „Охридско – струшкиот регион со проектите предвидени во патната инфраструктура ќе добие и автопатско решение, Кичево – Охрид, кој што веќе е во изградба, како и нов експресен пат од Охрид до Пештани за кои што исто така веќе се обезбедени средства“, појасни Затуроска.
Освен во Охридско – струшкиот регион, додаде пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нови патишта ќе се градат и низ целата земја, како на пример, делницата Раец – Дреново дел од новопланираниот експресен пат Градско – Прилеп, нов експресен пат од Штип до Кочани, делницата Велес – Кадрифаково, започнатиот автопат Миладиновци – Штип како и многу други инфраструктурни решенија кои што ќе ја променат и осовременат патната мрежа во државата.
„Сиве овие крупни инвестиции и зафати коишто се прават во патната инфраструктура во овој регион, освен што ќе помогнат за развој на туризмот како најзначајна гранка, ќе обезбедат и забрзан економски развој, како и поголема и посигурна комуникација на граѓаните од овој регион со останатите делови од Република Македонија. Ова се проекти во патната инфраструктура какви што не се паметат децении наназад“, заклучи Затуроска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.