Контакт

Македонија

Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата, утврди Државниот завод за ревизија

Објавено пред

Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија.

Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

„Со спроведената ревизија ревизорите меѓу другото утврдија: Приходите од наплатен придонес за ПИО1 во 2024 година се зголемени за 14% во однос на претходната 2023 година2 и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари“, стои во извештајот.

Во него се истакнува дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, за да од 2019 година бележи тренд на намалување. „Во 2024 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71% и бележи зголемување од 4,14 % во однос на 2023 година. Врз основа на податоците од матичната евиденција на Фондот со состојба декември 2024 година, бројот на осигурениците изнесува 556.294 лица додека бројот на пензионери изнесува 343.048 лица односно соодносот пензионери/осигуреници на крајот од 2024 година изнесува 1:1,63 и истиот бележи намалување во однос на 2023 година кога изнесувал 1:1,70“, пишува во извештајот.

Ревизијата, стои во извештајот, укажува на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб.

„Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва“, стои во извештајот.

Ревизијата утврдила и дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, иако има законска обврска за тоа.

„Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра. Оваа состојба овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае и врз ликвидноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот.

 

фото/ Depositphotos

Најново

Регион22 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава35 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...