Македонија
Наскоро се отвора мега паркот во Бутел, изградбата е во завршна фаза
Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој зелен простор ќе биде ставен во функција и отворен за граѓаните, соопшти Град Скопје.
Паркот се простира на површина од 8.000 квадратни метри, а според Градот, просторот кој со години бил запуштен и неискористен е трансформиран во современа зелена површина наменета за одмор, рекреација и дружење.
Во рамки на паркот ќе има хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски игралишта, фитнес-зони и урбана опрема.
Од Град Скопје велат дека проектот е дел од заложбите за унапредување на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот, а новиот парк наскоро ќе ги отвори своите врати за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
