Контакт

Македонија

НАТО отвори повик за млади професионалци од земјите членки – рокот за аплицирање е до 31 мај

Објавено пред

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.

Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата, соопшти Министерството за одбрана.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамки на НАТО (англиски или француски)

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година.

Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Колегите од МВР изиграа фудбал во спомен на загинатите припадници на ЕБР

Објавено пред

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за  брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните, соопшти МВР.

Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна безбедност, се додава во соопшението, пред споменикот подигнат во нивна чест, беше оддадена почит и благодарност кон луѓето кои ја дадоа најголемата жртва за Македонија – се вели во соопштението.

-Нивните имиња и нивните дела никогаш нема да бидат избришани од нашата полициска и институционална меморија. Тие остануваат траен симбол на храброст, чест и пожртвуваност. Нивниот живот положен за татковината е аманет за сите нас чесно, одговорно и посветено да ја чуваме безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата – истакнал Јанев.

Тој додал дека најтешко е за нивните семејства, болката по загубата никогаш не исчезнува, но тие мора да знаат дека не се сами.

-Полицијата и раководството секогаш ќе бидат покрај нив, затоа што тие се дел од нашето големо полициско семејство – нагласил рече Јанев.

 

Во чест на загинатите припадници на ЕБР, директорот Јанев го отвори и меморијалниот турнир на кој учествуваат 14 екипи од различни организациски единици на полицијата.

На отворањето Јанев посочил дека со спортски дух, со заедништво и фер-плеј продолжуваат да го чуваме споменот на луѓето кои не дозволија стравот да биде посилен од должноста.

-Некои дадоа многу. Тие дадоа сè. Полициската професија не е само работа, таа е заклетва. Заклетва дека ќе бидеме тивки чувари на мирот, спокојот и безбедноста на граѓаните и државата. Затоа сме обучувани, затоа ја носиме униформата и затоа сме подготвени да служиме чесно и достоинствено, дури и по цена на сопствениот живот – изјавил Јанев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска Давкова: Словенија е наш најдоследен поддржувач на патот кон ЕУ

Објавено пред

Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана.

Според неа, она што нè прави привлечни за словенечкиот капитал, не е само поволната клима, туку и нашите традиционални врски и силната мрежа на лични контакти што одржуваат членовите на бизнис клубот.

Потенцира дека над 40 словенечки компании моментално се активни во нашите стратешки сектори.

-Вие станавте столбови на нашите банкарски и осигурителни пазари, а сега се пробивате и во енергетиката. Проектите на ГЕМ 1 и нивната работа со фотоволтаиците покажуваат дека словенечката експертиза ни помага во зелената транзиција – потенцира претседателката.

Додаде дека во 2025 година, вкупната трговска размена изнесувала околу 260 милиони евра, но, како што рече, верува дека можеме и подобро.

-Затоа треба да поставиме смела заедничка цел – да достигнеме 500 милиони евра во трговската размена. Ги имаме условите, ги познаваме навиките, референциите и работната етика, а имаме и традиционална доверба. За македонските потрошувачи, словенечките не се странски производи, туку квалитетни брендови со коишто пораснале. Слично на тоа, за словенечките компании, македонските бизнисмени се посакувани партнери. Оваа доверба е нашата најголема предност и е социјален капитал којшто може да ја олесни работата на македонско-словенечкиот бизнис клуб – нагласи Сиљановска Давкова.

Според неа, тука е и македонската дијаспора, којашто, како што рече, може да биде многу важен развоен ресурс којшто ќе помогне во нашиот економски раст.

-Свесни сме дека живееме во време на геоекономска фрагментација на глобалната економија, со енергетски кризи и ценовни шокови. Во вакво непредвидливо опкружување, за да ја направиме македонската економија поотпорна, нашиот стратешки фокус е насочен кон четири столба: првиот е енргетско поврзување. Преку изградбата на интерконекторите за природен гас со Грција и со Србија, стануваме транзитна земја за гас и регионален енергетски центар, второ со модернизацијата на коридорите 8 и 10, обезбедуваме евтин транспорт и безбеден синџир за снабдување, трето се фокусираме на дигиталната поврзаност, бидејќи иднината им припаѓа на развојните, дигитални економии коишто се темелат на знаење, технологија и конкурентност и четврто и најважно, и покрај пречките со коишто се соочуваме, работиме на европските реформи. И вие, бизнис лидерите, ни помагате на нашиот пат кон Европската Унија –  рече македонската претседателка.

Драган Шибанц, претседател на бизнис клубот истакна дека со неговата ревитализација,  нивната намера била јасна — не само да го оживеат името, туку да воспостават функционална платформа која на конкретен, мерлив и долгорочен начин ќе ги поврзува словенечките и македонските претприемачи.

– Процесот го водевме заедно со иницијативниот одбор уште од ноември 2023 година, при што ги усогласивме клучните чинители, повторно ја изградивме довербата и поставивме јасна стратешка насока. Нашиот фокус никогаш не беше само формална структура. Затоа создадовме модел кој се темели на таргетирани бизнис средби, поврзување на компании по дејности, стратешки настани, како и пренос на знаење што води кон конкретна имплементација. Воедно, клубот го позиционираме и во поширок екосистем. Го поврзуваме со институции, бизнис клубови, деловни совети, мрежи и партнери во двете држави – истакна тој.

Целта, додаде е јасна — да се создаде средина во која соработката нема да биде само симболична, туку и мерлива.

-Денешната средба не е само настан, таа е чекор кон долгорочно поврзување затоа што претприемништвото расте таму каде што постојат доверба, усогласеност и способност за заедничко создавање на вредност. Токму затоа, успеавме клубот, кој речиси некое време не беше функционален, повторно да го да го воспоставиме како визионерска платформа за поврзување – истакна Шибанац.

Претседателката, која е во официјална посета на Република Словенија, претходно денеска во македонската амбасада во Љубљана се сретна со наши иселеници, кои со своето знаење и работа се вградиле во словенечкото општество и денес се препознаени и ценети во науката и уметноста.

Во рамки на посетата претпладнево таа ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници.

Сиљановска Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамки на посетата на Словенија предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Во вторник, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лажна тревога за пожар го испразни „Ист гејт“, МВР вели нема дојава за бомба

Објавено пред

Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист гејт“.

-Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР.

Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се случила по активирање на противпожарен аларм кај еден од закупците. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Гризман со солзи во очите се збогува со навивачите на „Метрополитано“

Антоан Гризман го одигра последниот натопревар во дресот на Алтико Мадрид на „Метропилитано“ стадионот во Мадрид. Во претпоследното коло, Гризман...

Спорт4 часа

(Видео) Прекинат натпреварот во Нант, 74-годишниот Халилхоџиќ во клинч со хулиганите

Хаос избувна во претпоследното коло од француската Лига 1, на натпреварот меѓу Нант и Тулуз кога навивачите упаднаа на теренот...

Спорт4 часа

(Видео) Севилја се спаси, Џирона и Мајорка пред преселба во понизок ранг

Со исклучок на натпреварот меѓу Барселона и Бетис, сите натпревари од претпоследното коло на шпанската Ла Лига се одиграа во...

Свет5 часа

Трамп повторно му се закани на Иран: Времето ви истекува, побрзајте или нема да остане ништо

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно му се закани на Иран дека ништо нема да остане од него доколку неговите...

Спорт5 часа

(Видео) Вест Хем тоне кон Чемпионшип

Последниот натпревар од саботната програма, од претпоследното коло на Премиер лигата донесе уште еден тежок удар на Вест Хем. Надежта...

Спорт5 часа

Ракометарите го потврдија настапот на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа 38:23 над Словачка го завери пласманот на Светскотоп првенство. Македонија осми пат по...

Топ6 часа

Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие, тепани се и деца

Министерството за внатрешни работи информираше дека во изминатото деноноќие биле евидентирани четири случаи на семејно насилство, а две лица биле...

Македонија6 часа

Колегите од МВР изиграа фудбал во спомен на загинатите припадници на ЕБР

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за  брзо распоредување во Скопје оддаде почит...

Македонија6 часа

Сиљановска Давкова: Словенија е наш најдоследен поддржувач на патот кон ЕУ

Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и...