Македонија
Не се знае што натаму со разрешените обвинителки
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се појави во понеделник пред Комисијата којашто ја формираше Советот на јавни обвинители и даде изјава зошто ги отстранила од тимот двете јавни обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, но ниту Јанева ниту претседателот на Комисијата не одговорија пред новинарите што ќе биде натаму со двете јавни обвинителки и кои се ингеренциите на Советот.
Јанева рече двете јавни обвинителки не доаѓаат во Специјалното јавни обвинителство, а претседателот на Комисијата која ги утврдува релевантноста на изјавите, Сашо Ваислевски, изјави дека двете јавни обвинителки сé уште се водат во Специјалното јавни обвинителство. Јанева пред новинарите не кажа што одговорила пред Советот, зошто ги разрешила двете обвинителки и не сакаше да ги коментира информациите во јавноста дека обвинителките биле отстранети, бидејќи оддавале тајни од Специјалното јавно обвинителство.„Немав време да читам, не можам да ги демантирам тие информации, си имав приватни прослави, не ги знам. Ние немаме никакви тајни, кажете која институција е потранспарентна од нас“, возврати со прашање Јанева. Кога Советот обелодени дека Јанева разрешила две обвинителки од нејзиниот тим, официјално Јанева рече дека обвинителките биле отстранети поради обемот на работа и поради тоа што во нивните матични обвинителства, во Скопје и Тетово недостасувале обвинители.Претседателот на Комисијата не објасни каква одлука може да донесе Советот на јавни обвинители, дали може да ги врати двете обвинителки во Специјалното обвинителство или да ги врати во обвинителствата од каде што дошле.Тој се повика на тоа дека не сака да ги прејудицира заклулчоците на Советот, бидејќи тие како Комисија ја одредувале само релевантноста на изјавите. Но, сепак, призна дека постојат правни нелогичности и побара да бидат направени амандмански измени на Законот за специјално обвинителство.Законот и дава право на Јанева да одлучува со кого ќе работи и кои обвинители ќе ги разреши, а од друга страна специјалното обвинителство е одговорно пред Советот за јавни обвинители, но во Законот не е предвидено што во ваков случај.
„Не сакам да ја прејудицирам одлуката, таа е таа правна разрешница која треба да се решава. Двете јавни обвинителки се водат во Специјалното обвинителство и нема забелешка во нивната работа. Одлуката е резултат на намалениот обем на работа, двете отстранети јавни обвинители бараат да бидат вратени во обвинителствата каде што доаѓаат. На Советот му е кристално чисто и јасно дека ако поведе дисциплинска постапка, треба согласност од четирите политички партии, одлуката да оди на Собрание и ќе треба двотретинско мнозинство“, рече Василевски.На денешната средба во Советот, на јавни обвинители, Јанева не била прашувана за материјалите кои ги достави лидерот на СДСМ, Зоран Заев и зошто не изготвила записник за материјалите. „Согласно законот јас имам обврска до 15-ти март да доставам извештај до советот и до собранието за работата на Специјалното обвинителство, не бев прашана за тоа“ рече Јанева.Во врска со информациите кои се појавија во медиумите дека приватно лице поднело тужба против тројца обвинители во Специјалното јавно обвинителство за начинот на којшто лицето било испитувано во Обвинителството, Јанева се повика на демантот од Обвинителството и не прецизираше дали навистина сведоците во Обвинителството се испрашувале без адвокат и нивните искази не биле снимани.„Предистражаната постапка е тајна и сите сведоци кои се сослушани и кои ќе бидат сослушани ќе бидат предмет на оценка на судот кога ќе се отворат истражните постапки“, рече Јанева.Таа наскоро најави прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство на која како што рече ќе одговори на сите новинарски прашања. Потврди дека случајот за убиството на Мартин Нешковски е во нивна надлежност, додека случаите Ровер, Шпион, Диво насеље, Сопот се во фаза на разгледување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.