Македонија
„Не сум виновен, не сум терорист“- тврдат обвинетите за „Дива Населба“
„Не сум виновен“, „Не сум терорист“, тврдea дел од обвинетите за тероризам за мајските инциденти што се случија во „Дива населба“ на седницата за оценка на обвинителниот акт.
Сите обвинети се изјаснија дека не се виновни, а еден од нив пред судот рече дека го собрале од дома како терорист. „Да бев терорист делото ќе го извршев во друга земја“. друг обвинет тврдеше дека ниту добил обвинение, ниту видел докази, а трет пак рече дека нема да се појави во судницата бидејќи бил малтретиран од полицајците при спроведувањето во судница.Според обвинението, вечерта на 9-ти мај припадниците на Единицата за специјални задачи постапувале по судска наредба за вршење на претрес со цел да ги лишат од слобода лицата инволвирани во инцидентот во Полициската станица Гошинце. Приближувајќи се кон објектот каде требало да извршат претрес вооружената група фрлила рачна бомба кон полицајците. Потоа пукале со автоматско оружје и снајпери, а борбите траеле цела вечер и другиот ден. Следниот ден вечерта голем дел од групата биле приведени, а 18 од нив носеле униформи на УЧК.Обвинителството тврди дека обвинетите биле следени со посебни истражни мерки од 23 април до 8 мај, пред да се случат инцидентите. Обвинителството поседувало докази од биолошки траги коишто докажувале дека обвинетите учествувале и во нападот во Гошинце и во Куманово, а имале криминално досие и на Косово,.Во судот се појавија водачите на група Сами Укшими, командант Соколи и Мухамед Красниќи, командант Малишева, додека другите двајца водачи Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, официјално, загинаа во борбите.Одбраната на обвинетите за тероризам побара изземање на обвинителот од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и предметот да го преземе Специјалното обвинителство.Според одбраната, овој предмет произлегувал од незаконско прислушуваните разговори. Судскиот совет, составен од судиите Огнен Ставрев, Јани Нича и судијката Љубинка Башеска, иако им образложи на бранителите дека судот не е надлежен за ова ниво барање,сепак, решаваше за ова и одлучи ова барање да биде испратено на повисоко ниво, односно до Јавното обвинителство.Адвокатот Насер Рауфи рече дека иако седум месеци обвинетите се во притвор на никого не му бил дозволен увид во списите на предметот и никој не видел никакви докази.Дел од обвинетите имале здравствени проблеми и еден од адвокатите побара да се утврди нивната здравствена состојба. Еден од обвинетите стана и се пожали до судот дека „ногата му била за операција“ и имале тешки телесни повредиЈавната седница за настаните во Куманово се одржува во големата сала во Врховниот суд, за да се соберат сите 29 обвинети за тероризам. Пред влезот на судот беа насобрани роднините на обвинетите, а сите згради во судот ги обезбедуваат полицајци и специјалци.Новинарите пред влезот беа детално претресувани и судењето започна со речиси еден час задоцнување. Обвинителот Наум Пановски прочита краток дел од обвинението за нападот на полициската станица Гошинце и за настаните во Куманово.Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Ндрецај и агент од македонските тајни служби.Во инцидентите во Куманово загинаа осуммина полицајци и десетмина припадници на вооружената група.Судскиот совет за оценка обвинението треба да одлучи дали ќе го прифати обвинителниот акт против групата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вреди“: ДУИ во руско сценарио бара лек за изборниот пораз
Навреме предупредивме дека очајниот ДУИ смислил сценарио за предизвикување политичка криза после првиот круг на претседателските избори со цел да избегне чесно признавање на извесниот пораз. Нивен сон е техничката Влада на Талат Џафери да опстои повеќе од предвидените 100 дена, велат од коалицијата „Вреди“.
„Бујар Османи избегнува одговор на многу логичното прашање што правел како претседавач со ОБСЕ во текот на 2023 за оваа меѓународна институција да оцени дека постои потенцијал за нарушувањето на безбедноста во изборниот процес и го зголеми бројот на набљудувачи. Исто така молчи дали Османи како домаќин на Лавров го прашал за рецептот за суспендирање на демократската волја на граѓаните.
Но, контурите на ова руско сценарио полека излегуваат на виделина. Владата на Талат Џафери незаконски спречува поставување на началник и дополнителен началник на СВР Тетово за да може да ги злоупотребува партиските војници на ДУИ инсталирани во полицијата во кампањата. Потврда за ова е последниот скандал со училиштето во Житоша кое не само што е претворено во штаб на ДУИ, туку во него полицајци отворено агитираат за Али Ахмети, се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи“, реагираат од коалицијата.
Очекуваат како што велат, дека раководството на МВР соодветно ќе ги евидентира и санкционира овие девијации од страна на полициски службеници.
„Јасно им порачуваме на полициските службеници и останати кадри на ДУИ во државните институции, добро да размислат какви партиски задачи прифаќаат и спроведуваат. Ништо не може да ја смени реалноста. ДУИ после осми мај преминува во опозиција и за секој нивен кадар кој се огрешил пред законите ќе следи соодветна правосудна постапка. Добро е секој партиски активист на ДУИ да размислува трезвено и да не се впушта во незаконски авантури лажно верувајќи дека ќе продолжат кариерите на Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби.
Знаеме дека исплашеното раководство на ДУИ и нивните коалициони другарчиња се подготвени на различни предизборни далавери, но треба да земат предвид дека на секој обид за спречување на слободно, фер и демократско гласање на Албанскиот народ, жестоко ќе одговориме“, додаваат во партиското соопштение.
Нагласуваат дека ништо не може да ги спречи промените. Гласачите, како што оценуваат, уште повеќе се мотивираат да гласаат против ДУИ кога ги гледаат овие нивни очајнички потези.
„Бранот е тргнат и тој секојдневно ќе расте додека не се претвори во цунами за ДУИ на изборите“, се потенцира во напишаното од коалицијата „Вреди“.
Македонија
Први април, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 1 Април 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според грегоријанскиот календар, е неработен за граѓаните од католичката вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.
Македонија
Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори
Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик, донесе упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024.
Со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк, особено за периодот на преклопување на двата изборни процеса.
За време на изборната кампања за претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател, кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг.
За време на изборната кампања за парламентарните избори, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024.
За време на изборниот молк за претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година продолжува изборната кампања за парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеса.
Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.
Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024 е достапно на веб-страницата www.avmu.mk.