Контакт

Македонија

Неизвесност, страв и отпуштања за наставниците: Лукаревска за образовните реформи

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа.

„Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со општ консензус која ќе ги вклучи сите чинители во образовниот и научниот процес… Овде нема ништо од ова коешто го ветувавте. Токму овој процес е направен без било каква инклузивност, без било каква дебата, размена на мислења, ставови, консултации со стручната фела.“ рече Лукаревска.

Таа предупреди дека најавената оптимизација ќе донесе затворање на училишта, намалување на работните места и дополнително иселување од руралните средини.

„Кои се критиките коишто секојдневно стигнуваат од јавноста? Затворање или спојување на училишта, особено во руралните средини, намалување на работните места. Со ова ќе се намали и квалитетот на наставата и најбитно што е еден поразителен процес во нашата држава во моментов, а ќе се засили иселувањето и во иднина. Наместо технолошки вишок на наставниците, фокусот треба да ни биде модернизација, дигитализација и подобрување на квалитетот на наставата. Ќе се сведеме со поделба на наставниците на подобни и на неподобни, на заслужни и на незаслужни. Ќе решаваме човечки судбини, ќе правиме лото.“ рече Лукаревска.

Како пример за контрадикторностите на Владата, Лукаревска посочи дека во исто време се најавува затворање паралелки, а се градат нови училишта.

„Во Општина Струмица се најавува прва фаза на оптимизација или во превод затворање на паралелки, намалување на број на часови и огромна неизвесност кај наставниците. Другата реалност е дека се најавува ново училиште во Карпош. Ако има потреба од оваа непопуларна реформа, бидејќи нема доволно ученици и има вишок наставнички кадар, зошто тогаш се отвора и ново училиште?“ додаде таа.

Таа предупреди дека едногодишниот период на прераспределување создава огромен страв кај наставниот кадар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава10 минути

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија34 минути

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија36 минути

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија1 час

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија1 час

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет1 час

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт1 час

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....

Македонија1 час

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани да не поскапи, но доколку е неопходно, поскапувањето ќе биде под 5 %....

Економија2 часа

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум...