Контакт

Македонија

Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата, велат од Левица

Објавено пред

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот.

Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа.

„За локалитетот и претходно има поднесени кривични пријави и реакции од граѓани, но нелегалната наплата за влез продолжува непречено. Доколку е точно дека дури ниту полицијата не успева да стави крај на ваквата практика, тогаш проблемот одамна престанал да биде локален инцидент и прераснал во симбол на нефункционалноста на државата“, велат од партијата.

Од Левица наведуваат дека Куклица не е обичен туристички локалитет, туку редок геолошки феномен со над 120 природно формирани камени столбови, место кое со децении се промовира како една од најпрепознатливите природни знаменитости на Македонија и кое претставува дел од нашиот национален идентитет и туристичка понуда.

Според партијата, прашање е како е можно државата да не може да воспостави ред на сопственото заштитено подрачје.

„Ако за еден локалитет од вакво значење институциите со години не можат да обезбедат законитост (а не е единствениот), тогаш каква порака испраќаме за заштитата на културното и природното наследство воопшто Особено загрижува фактот што често слушаме големи зборови за заштита на наследството, туризмот и промоцијата на природните богатства, но кога ќе дојде моментот да се заштити едно конкретно место, институциите остануваат неми. Наместо државата да биде гарант на јавниот интерес, впечатокот е дека се повлекува пред поединци кои со години воспоставуваат сопствени правила“, велат од Левица.

Според партијата, Куклица е тест за капацитетот на државата да го заштити она што самата го прогласила за вредност од јавен интерес.„ А кога еден од најпознатите природни феномени во Македонија станува пример за институционална немоќ, штетата е врз угледот на целата држава“, смета Левица.

 

фото/Depositphotos

Најново

Забава7 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава7 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија8 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт8 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт8 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт8 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт8 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....