Контакт

Македонија

Независна и темелна стручна истрага за случајот со 19-годишната родилка која остана неподвижна, бара Платформата за родова еднаквост

Објавено пред

Платформата за родова еднаквост бара независна и темелна стручна истрага за случајот со 19-годишната родилка Станка Михајлова од Струмица, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка.

„Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. Бараме надлежните институции да обезбедат целосно независна, транспарентна и темелна стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Истовремено, апелираме до сите вклучени институции и здравствени работници да обезбедат почитување на достоинството, правата и безбедноста на пациентката во текот на целиот процес“, велат од Платформата.

Од таму додаваат дека особено е важно младата мајка да не биде изложена на било каков притисок, заплашување или влијание при давањето изјави и споделувањето на своите искуства. Велат дека неопходно е нејзините изјави да бидат дадени слободно, независно и без притисоци, а нејзината здравствена состојба и најдобар интерес да бидат во фокусот на сите постапки.

„Ги повикуваме институциите да постапуваат со највисоко ниво на професионалност, одговорност и емпатија, имајќи предвид дека станува збор за млада жена и мајка која се соочува со сериозна животна ситуација и потреба од соодветна медицинска, психолошка и институционална поддршка. Веруваме дека секоја жена има право на безбедна здравствена грижа,за време на бременоста и породувањето, како и почитување на нејзините права и пристап до правда и вистина. Очекуваме надлежните органи да обезбедат целосно, непристрасно и транспарентно расветлување на случајот, со цел да се заштитат правата на пациентката и да се зачува довербата во институциите“, се наведува во соопштението.

19-годишната девојка по породувањето со царски рез во струмичката болница и аплицирана спинална анестезија ја изгубила подвижноста во нозете и развила параплегија, по што нејзиното семејство јавно обвини за лекарска грешка и несоодветен третман. Таа итно била префрлена прво во Клиничката болница во Штип, а потоа на Клиниката за неврологија во Скопје на дополнителни истражувања.

Најново

Свет21 минута

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет45 минути

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион1 час

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава2 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника2 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...