Македонија
Ни Јанкулоска, ни Божиновски не добија притвор
Распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во судот, траеше речиси осум часа во понеделникот, за случајот „Титаник“ во кој Специјалното јавно обинителство ја сомничи за злосторничко здружување кое извршило изборна измама, но таа не доби притвор, како што се бараше, а судот го напушти без коментар.
Судот не одредеи мерка притвор ниту за неа, ниту за секретарот на Владата Кирил Божиновски. Ниту за другите тројца осомничени кои се појавиле на распит во понеделникот, како што специјалната обвинителка Катица Јанева бараше.„Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска (понеделник) на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка.По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството.Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа“ се вели во судското соопштение.Судот денеска го отфрли и барањето за притвор на поранешниот член на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури одредувајќи му алтернативна мерка за претплазливост, односно забрана за контакт со одредени лица.Ова е продолжение на распитите на осомничените од предметот „Титаник“, кој го покрена Специјалното јавно обвинителство, а во кој осомничени се осум лица.За првите четворица, меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, судија на претходна постапка во петокот го отрфли барањето на Јанева за мерка притвор, а само Темелко доби судска одлука еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен. За првиот дел од осомничените, Специјалното обвинителство најави дека ќе ја обжали одлуката на судот да не се изрече мерка – притвор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.