Контакт

Македонија

Николоски: Реализацијата на катната гаража во Oхрид е директен бенефит од законските измени што ги донесовме со кои ги олеснивме изградбата на катни гаражи, училишта и болници

Објавено пред

Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означија почетокот на изградба на катната гаража.

Инвестицијата е околу 2 милиони евра, средства обезбедени од проектот на Владата за подршка на општините. Катната гаража ќе бори околу 200 паркинг места и треба да биде завршена следната летна сезона.

„Навистина ми е драго што ќе започнеме овој проект. Ова беше проект кој што претходната влада велеше дека не може да се реализира. Драго ми е што заедно со градоначалникот и заедно со премиерот успеавме да дојдеме до ситуација да денеска почне да се реализира овој проект. Законските измени кои што ги направивме на почетокот на мандатот на оваа Влада, еве го делот гледаме како се реализираат. Имено, само што беше избрана оваа Влада, ја олеснивме постапката за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражи и веќе тука го имаме првиот ефект. Исто така, морам да кажам дека беше предизикувачкиот аспект што требаше да се вклопат три различни заштити тука.

Едната е секако генералната заштита на УНЕСКО, втората е заштитата на културното наследство и третата е архитектоинската заштита. Сите три се направија со поддршка на Општината, со поддршка на Завод и музеј Охрид, Министерството за култура и сите надлежни институции и финално во можност беше Министерството за транспорт да ја издаде градежната дозвола, имајќи предвид дека се работи за објект кој што е во директна надлежност на државата. Финансирањето, како што кажа градоначалникот, е обезбедено преку средствата во буџетот и сум убеден дека со работата која што ја прави градоначалникот, веќе следната летна сезона тука ќе може да се паркираат и гостите, а секако и жителите на Охрид, како би се отворил еден пооголем простор и би можело да заживее уште повеќе чаршијата, што секако ќе значи економски бенефит за сите кои што живеат во Охрид. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, имаме и други бројни проекти кои што се одвиваат во овој момент и заедно со градоначалникот и со неговиот тим ќе продолжиме да работиме“, изјави вицепремиерот Николоски.

Градоначалникот Пецаков најави и нови проекти за развој на Охрид. Тој потенцира дека заедничките инвестиции на опшината и владата достигнуваат 15 милиони евра.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт7 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт7 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт7 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт8 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет8 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија9 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет9 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника9 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...