Контакт

Македонија

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Објавено пред

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје.

Тој додаде дека значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на бројот на прелети над македонското небо.

„АTM системот е технолошко решение кое што директно ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај и со воведувањето во употреба, М-НАВ добива комплетно ново решение. Она што можам да го кажам е дека во 2026 година, во првите шест месеци имаме прелет на 173.000 воздухоплови над македонскиот воздушен простор. Тоа се и оние коишто слетуваат на нашите аеродроми, но и оние коишто прелетуваат. Само за споредба, тоа е зголемување од 12,2% во однос на 2025-та, 23% во однос на 2024-та и 27% во однос на 2023-та година, а само во јули месец низ македонскиот воздушен простор имаме 42.000 прелети“, истакна Николоски.

Како што рече овој систем е поврзан со скандали во владата на СДСМ и ДУИ, но со поставување на новото раководство на М-НАВ, со добра координација системот е инсталиран и ставен во функција.

„Набавката е започната уште во 2014 година, а договорот е склучен во 2018 година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018 до 2024 година нема никакви активности, со тоа се соочуваа и истражните органи во изминатиот период. Со изборот на новото раководство на М-НАВ почна интензивна работа, со што еве денес сведочиме на ставање во целосна функција на ATM системот“, изјави Николоски.

Во 2025 година поставен е и новиот радарски систем на контролната кула во Скопје и истиот е во завршна фаза на тестирање.

„Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности — градежни активности и сите потребни останати активности — за целосна инсталација на новиот радар. Новиот радар веќе е на контролната кула и во моментов се вршат потребните тестирања. Во текот на септември или октомври месец ќе биде целосно ставен во функција, со што македонското небо ќе има највисок систем на контрола и највисок систем на безбедност. Со воведувањето на овие два системи — ATM системот и новиот радар — целосно го покриваме македонското небо на највисоко ниво што во моментот во светот може да се најде на контрола на безбедност“, истакна Николоски.

Најново

Регион25 минути

(Видео) Загинаа двајцата пилоти по падот на борбениот авион во Грција

Загинаа двајца пилоти од авионот „Phantom“ што се урна во Танагра. Пилотите припаѓаа на 117-то борбено крило со седиште во...

Забава26 минути

Една одлука ќе промени сè: Есента ќе биде во корист само на еден хороскопски знак

Есента доаѓа, а со неа и бројни превирања кои особено ќе „погодат“ еден хороскопски знак. Можеби сте на таа листа…...

Свет38 минути

Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се...

Забава49 минути

(Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

Венецискиот филмски фестивал повторно ги собира бројните ѕвезди, а актерката Сидни Свини не ја пропушти можноста да блесне на црвениот...

Забава1 час

Познатата актерка откри како ослабела повеќе од 36 килограми и драстично го промени својот изглед

Ребел Вилсон конечно ја откри тајната на својата драстична трансформација. Таа ослабе повеќе од 36 килограми, а начинот на кој...

Забава1 час

(Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно

Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните...

Свет1 час

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да започнеме, пренесете ги моите најдобри желби до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев, почнувајќи од полноќ, додека американската делегација е во Москва...

Спорт1 час

(Видео) Лудо дерби на „Меаца“, Интер од 0:2 до 3:2 против Наполи

Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А....

Регион2 часа

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...