Контакт

Македонија

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните

Објавено пред

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ја претстави новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието.

„Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги следат пратеничките прашања, активностите на пратениците, работата на канцелариите за контакт со граѓаните, како и други показатели поврзани со парламентарната работа, со можност за пребарување, филтрирање и споредување на податоците. Платформата е развиена врз основа на официјално објавените отворени податоци на Собранието на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Од Институтот велат дека целта на платформата е да придонесе кон поголема транспарентност и отчетност на Собранието, но и да покаже дека отворените податоци имаат вистинска вредност само кога се разбирливи и употребливи за јавноста.

„Пратеници.мк е создаден за секој што сака брзо и лесно да дојде до релевантни информации за работата на избраните претставници. Интерактивниот панел се служи со отворените бази на податоци достапни на open.data порталот на Собранието, и нуди можност за нивно користење, пребарување и визуелизација на едноставен и интуитивен начин“, вели Александра Јовевска, раководителка на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација во ИДСЦС.

„Пратеници.мк“ е платформа развиена во рамки на проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“, поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Regional Support Mechanism EECA, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Digital Democracy Initiative (DDI), која го опфаќа Глобалниот југ.

Најново

Спорт8 минути

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот...

Црна хроника21 минута

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија34 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника1 час

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава2 часа

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника2 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт3 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет3 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...