Македонија
Нова истрага на СЈО – „Трезор“
Специјалното јавно обвинителство во среда ќе одржи прес-конференција на којашто ќе биде презентирана новата истрага која носи работен назив „Трезор“, соопштија од СЈО.
Нема детали за новата истрага, освен најавата за прес-конференција. СЈО досега поднесе две обвиненија за уништување на списи за работењето на опремата за прислушување на УБК, предмет, во којшто првообвинет е шефот на Петтата управа при УБК, Горан Грујевски и за случајот со насилните протести пред општина Центар, каде првообвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за поттикнување на насилство.СЈО бара изземање на судијката Лидија Петровска на којашто и беше доделен случајот со списите од УБК бидејќи нејзиното име се појавува во објавените прислушувани разговори. Таа пак бараше декласификација на доказите што ги достави СЈО за овој случај, но СЈО и ги врати истите докази со образложение дека декласификацијата на доказите би имало штетни последици. Случајот во којшто е обвинет Груевски и е доделен на судијката Татјана Михајлова која му определи притвор на новинарот Томислав Кежароски во случајот „Ликвидација“. По една година од својота работа, СЈО го изготви вториот извештај за работата на ова Обвинителство во последните шест месеци. Во период од 15-ти март до 15-ти септември отворени се и четири истражни постапки во кои се опфатени 40 лица.Јанева четири дена го презентираше извештајот на СЈО пред пратениците на Комисијата за политички систем, но во понеделникот таа ја напушти седницата на Комисијата изреволтирана од однесувањето на пратениците на ВМРО-ПМНЕ и најави дека ќе се појави во Собранието кога ќе биде закажана Пленаната седница на Собранието. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вторник изјави дека ако Јанева не дојде на седницата, пратениците нема да и ги прифатат барањата кои Јанева ги испорача до Собранието./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре протест поради загадениот воздух
Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија.
Од „Зелен хуман град“ предлагаат неколку итни мерки, но и повеќе среднорочни, за поефикасно справување со штетните честички во воздухот.
„Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.
Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето“ велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид
Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид спасила ловечко куче паднато во провалија од околу 50 метри.
Вчера добиле повик од група ловци, чие ловечко куче се изгубило. Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побарал помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излегол на терен.
„Со помош на околувратникот со вграден ГПС локатор, го лоцирале кучето на едно хоризонтално зарамнување од ископот на каменоломот во селото Речица, 100-тина метри од подножјето и околу 50 метри од горниот раб на ископот. Дополнителен проблем претставуваше тоа што кучето единствено соработува со неговиот сопственик, поради што бевме принудени во операцијата покрај припадникот на ПСС, да го обезбедиме и спуштиме до кучето и сопственикот. По неколку часа, кучето и сопственикот беа извлечени на сигурно и спуштени во подножјето на каменоломот“, соопшти ПСС Охрид.
„Вештините на планинските спасувачи, се единствени кои можат да спречат влошување на состојбите и предизвикување емотивен шок за луѓето, во случајов сопствениците на кучето, кои беа видно загрижени за неговата безбедност“, посочува Планинската спасителна служба.
Македонија
Црвениот крст од Кочани однесе помош за човекот кој на 112 пријави дека три дена е оставен без храна
Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.
Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.