Контакт

Македонија

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: катна гаража вредна 2,8 милиони евра

Објавено пред

Инвестицијата обезбедува над 400 паркинг места и значително ги унапредува условите за работа, безбедноста и идниот развој на компанијата.

Пивара Скопје ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, инвестиција вредна 2,8 милиони евра, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки на производствениот комплекс.

Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористување на просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност. Симболично означувајќи го почетокот на новата инвестиција, официјалното пуштање во употреба го одбележаа Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје, и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

„Во Пивара Скопје веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечките компании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашите вработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локални партнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уште една потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следиме највисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашите вработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

На свеченото отворање присуствуваше и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, кој ја поздрави инвестицијата и го истакна нејзиното значење за локалниот економски развој.

„Денес присуствував на пуштањето во употреба на новата катна гаража во Пивара Скопје, проект кој претставува значајна инвестиција во подобрувањето на условите за работа и развој на компанијата. Како Општина Гази Баба, остануваме силен партнер на бизнис-секторот и посветено работиме на создавање услови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните. Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за оваа инвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме да направиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности“, изјави градоначалникот Стефковски.

Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебно обележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.

Со оваа инвестиција, Пивара Скопје продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија што создаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот раст на компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата.

Најново

Спорт1 минута

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа3 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет8 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт8 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава15 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт16 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника16 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија21 минута

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...

Европа42 минути

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската...