Контакт

Македонија

„Нови инвестиции, современа опрема и нови болници, Владата го модернизира македонското здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“.

По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период.

Особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема.

Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика.

Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар.

Се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем.

Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион.

Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура.

Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Забава6 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт34 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион34 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија39 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија41 минута

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт46 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион56 минути

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...