Контакт

Македонија

„Новиот закон е ‘политички популизам’ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра“

Објавено пред

Претставници и вработени од индустријата за игри на среќа на Јавната расправа во Собранието укажаа на уставно спорни и дискриминаторски одредби од предложената регулатива.

„Новиот закон за игри на среќа не е закон за дополнителна регулација на оваа индустрија, туку закон за затворање на легалните објекти, со кој се таргетира строго регулираниот и лиценциран сектор, беше предупредено на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Претставници и вработени од индустријата за игри на среќа укажаа на повеќекратни негативни последици од новиот закон – гасење на легалниот пазар кој годишно носи повеќе од 350 милиони евра приходи во државниот буџет преку давачки, даноци и придонеси и индиректно поддржува меѓу 54.000 и 100.000 работни места; изместување на регулираниот сектор во црни текови без никаква контрола, бидејќи новиот закон не ја штити младината, туку ја прави лесна мета на диви играоници; поради губење на стекнати права и нарушување на инвестициската клима, државата ризикува да влезе во спорови со инвеститори пред домашни и странски институции, што би можело да ѝ нанесе штета која се мери во десетици и стотици милиони евра. Приредувачите истакнаа дека Министерството за финансии како овластен предлагач на новиот Предлог-закон за игри на среќа до Владата треба сериозно да го земе предвид потенцијалното оспорување на клучните одредби пред Уставниот суд, што може да предизвика тужби кои драматично би го оштетиле државниот буџет.

Предлогот на новиот закон беше оквалификуван како обид за собирање евтини политички поени преку уништување на најголемиот приватен работодавач во земјата, со целосно игнорирање на засегнатите страни и кршење на Уставот. Претставниците на индустријата порачаа дека предложените законски мерки не се насочени кон заштита на граѓаните, бидејќи тие нема да престанат да играат, туку играта ќе се пресели таму каде што државата нема никаква контрола. Со донесувањето на новиот закон најмногу би профитирале нелегалните оператори, бидејќи додека се затвораат легалните и строго регулирани компании, тие ќе отвораат нелегални канали без лиценца, без контрола и без никакви давачки кон државата.

Се нагласи и дека одредбата за дистанца од 500 метри од училиштата претставува противуставна дискриминација која државата потенцијално ја соочува со милионски тужби. Се укажа и дека наметнатата дистанца зависи од променливи урбанистички околности, бидејќи било која општина може да одлучи да гради училиште на помалку од 500 метри од постоечки автомат клуб или казино и со тоа да создаде правна претпоставка за затворање. Приредувачите објаснија дека оваа одредба практично би значела затворање на сите легални објекти, оставајќи повеќе од 10.000 луѓе без работа и отворајќи врата за црниот пазар и дивите играчници.

Како пример беше наведена ситуацијата во Албанија, каде државата се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа токму поради експлозијата на

сивата економија, масовното отворање нелегални играчници и големите буџетски финансиски загуби, но сè уште не се опоравила од последиците на оваа погрешна одлука.

Стопанската комора исто така побара повлекување на предложеното законско решение за игри на среќа, предупредувајќи на последиците кои тоа би ги предизвикало врз бизнис секторот и економијата, со аргументи дека предложените измени се носат без соодветна анализа и дека можат да имаат сериозни последици врз компаниите кои легално работат во овој сектор, но и врз државниот буџет.

Приредувачите упатија апел до пратениците од сите политички партии да покажат разбирање и наместо популизам, да прифатат формирање мешовита работна група која би изработила ново, одржливо законско решение во согласност со сите европски стандарди.

 

фото/Depositphotos

Најново

Македонија9 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава11 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава11 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет12 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија13 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...