Контакт

Македонија

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Објавено пред

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е најдобро рангираната високообразовна институција во Македонија според новопромовираната платформа АРБУ (Академско рангирање на балканските универзитети), додека проф. д-р Сашко Кедев е највисоко рангираниот македонски научник.

АРБУ денеска беше промовиран во Скопје како прво регионално рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. Анализата опфаќа 324 универзитети и високообразовни институции од осум држави, повеќе од 33.000 професори и истражувачи и над 19,7 милиони научни цитати.

Според резултатите, на врвот на балканската листа се Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Белград и Универзитетот во Љубљана.

Во Македонија, УКИМ е најдобро рангиран универзитет и водечки во најголем број научни области. Сепак, рангирањето покажува значителен јаз во однос на водечките регионални институции. Додека УКИМ располага со околу 400 илјади цитати, Универзитетот во Загреб има повеќе од 4,6 милиони цитати, а универзитетите во Белград и Љубљана повеќе од два милиони.

По УКИМ, највисоко рангирани во земјава се Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот во Тетово. Меѓу приватните високообразовни установи најдобро пласиран е Меѓународниот балкански универзитет.

Во категоријата индивидуални истражувачи, највисоко рангиран научник од Македонија е проф. д-р Сашко Кедев со повеќе од 38.500 цитати. По него следуваат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Марија Вавлукис, проф. д-р Тодор Арсов и проф. д-р Лидија Попоска.

Податоците покажуваат дека медицинските науки се најсилното научно поле во Македонија според цитираноста и меѓународното влијание, при што речиси 60 проценти од цитатите на највлијателните македонски истражувачи доаѓаат токму од оваа област.

На промоцијата на платформата, основачот на АРБУ, проф. д-р Марјан Бојаџиев, изјави дека целта е Балканот да добие сопствена академска мапа и транспарентна алатка за следење на академската успешност на универзитетите и истражувачите.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека македонското високо образование со години заостанува зад регионот, но посочи дека се спроведуваат законски и финансиски реформи за подобрување на состојбите.

Најново

Свет4 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет4 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет4 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет5 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет6 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија6 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава6 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија6 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава7 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....