Контакт

Македонија

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

„На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени“.

Паркот, според кажаното, ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје.

„Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата.

Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри.

„Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска.

Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации, истакнуваат надлежните.

Најново

Свет13 минути

Мерц огорчен од посетата на Шредер кај Путин: Крајно неморално

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е „длабоко огорчен“ од посетата на поранешниот канцелар Герхард Шредер на домот на Владимир Путин, каде...

Спорт25 минути

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа...

Спорт40 минути

Ферстапен на пол-позицијата пред спринтот во Сингапур

Макс Ферстепен ја освои пол-позицијата за утрешната спринт трка, во пресрет на Големата награда на Сингапур. Четирикратниот светски првак, до...

Македонија41 минута

ЛДП: Владата ги крие неверојатните хонорари како за Стевановска за „Скопје 2014“, ЈО разбудете се

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што...

Свет47 минути

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија1 час

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија1 час

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија2 часа

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт2 часа

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...