Македонија
Oбвинителството бара од судот одземање на пасошите на Јакимовски и вработените

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост.
Постапката се однесува на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувањата, како и поради соизвршителство против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н., помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М., раководител на Одделението за норматива во правниот сектор, и А.С., раководител на Одделението за сметководство.
„Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за осомничените поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, и тоа обврска на обвинетите повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, соопшти Обвинителството.
Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластувањето во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353, ст. 5 во врска со ст. 1 во врска со чл. 22 и во врска со чл. 45, а тројца од осомничените за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањто од чл. 353, ст. 5 во врска со ст. 1 во врска со чл. 45 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Апасиев:Спречен уште еден диригиран обид на власта за пуч во Левица

Левица, предводена од Димитар Апасиев тврди дека насилно била преземена Фејсбук страницата на партијата, но дека бил ,,спречен уште еден диригиран обид на власта за пуч во Левица”.
,,Скоро половина година работата во Левица беше целосно блокирана од една тесна група членови на Централниот комитет собрани околу т.н. троцкистичка фракција „Црвени“, а инструирани од надворешен центар на моќ. Фракцијата, со своите претесни и ограничени идеолошки погледи, на секој начин се обидуваше да се наметне и да доминира – а притоа нејзините врбувани членови со крајни напори се обидуваа да го закочат, минираат и саботираат делувањето и акционото единство на Левица, посебно околу процесите на нелегитимните уставни промени, важните национални политички прашања од поширок интерес поврзани со „Преспанскиот договор“ и со т.н. Закон за двојазичност.
Повеќемесечната политичка борба внатре во главните органи на Партијата силно ги наруши персоналните меѓучовечки односи и довербата неповратно се изгуби, особено после нелегалниот обид за пуч и смена на легитимните партиски органи од страна на т.н. орган со истечен мандат. Притоа, сите обиди да се дојде до взаемен компромис пропаднаа, а оваа маргинална група од пет-шест луѓе остана рововски закопана во своите погубни политички ставови, кои немаа никакво одобрување од базата, тврдоглаво одбивајќи да го сообрази своето штетно делување со реалните прилики на современата стварност и не сакајќи да ги почитува одлуките на ЦК донесени со апсолутно мнозинство гласови.
Истовремено беа откриени и серија финанскиски малверзации на дел од членовите на таа група, по што не остана никаков простор за можно взаемно разбирање и идно заедничко политичко делување под истото борбено знаме и кауза. Поради овие, како и многу други флагрантни тешки дисциплински повреди на Статутот, легалните партиски органи решија да се консолидираат и оваа деструктивна група да ја исклучи од раководството на Партијата, а на дел од нив да им го замрзне членството во Левица.
По овие неколкумесечни смислени тензии и интерни превирања – за кои е симптоматично тоа што секогаш се појавуваат за време на некој важен предизборен период, а се диригирани од власта која по четврти пат се обидува да ја растури Левица, сега преку врбување на луѓе кои повеќе од една година беа целосно пасивни и отсутни од јавниот дискурс – конечно Партијата, еднаш-засекогаш, расчистува со овие штетни структури кои свесно го опстриураат и кочат нејзиниот иден развој и напредок. Од денес Левица се враќа на правилниот курс, посплотена од било кога, како единствена реална опција за работниот народ и за сите непривилегирани и обесправени слоеви од населението во нашата Република. Во меѓувреме, правиме напори и за враќање на илегално преземениот фб пејџ”, се вели во соопштението потпишано од Апасиев.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски избори во Македонија.
Вкупно 551 делегат ќе избираат меѓу деветмина кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов,Ѓорѓи Манасков… Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.
За избран кандидат, според деловникот на партијата, се смета оној кој добил најмногу гласови, но не помалку од една третина од вкупниот број делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број или кандидатите добијат ист број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати, кои добиле најмногу гласови на првото гласање, при што за избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови на повтореното гласање.
,,ВМРО-ДПМНЕ преку транспарентен и демократски процес внатре во партијата, овозможува да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење граѓаните и ќе работи во согласност на Уставот и законите и во полза на сите граѓани на Македонија. Република Македонија мора да застане на здрави нозе. Со СДСМ државата секојдневно тоне, имаме уназадување во секој сегмент од општеството. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ на Конвенцијата поаѓа од тоа дека треба да се избере кандидатот кој ќе ги штити интересите на Република Македонија. Нашата заедничка цел е Република Македонија. Затоа потребно е лидерство кое ќе гарантира сигурност, заштита на државните и национални интереси, ќе гарантира правна држава и почитување на Уставот и законот и ќе обезбеди напредна, силна и честита Македонија.Република Македонија повеќе не смее да тоне, затоа со победата на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го најави почетокот на крајот на оваа власт”, најави партијата.
Македонија
Амбасадата на САД предупредува: постои ризик од терористички напад

Постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија, објави американската амбасада во Скопје.
„Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјани на САД во странство“, се вели во соопштението на амбасадата и се додава дека терористите при нападите се почесто користат пиштоли, возила и остри предмети.
Оттука апелираат до граѓаните на САД да бидат претпазливи. Велат дека екстреметите, повеќе се стремат кон напади врз објекти кои се „меки цели“, какви што се трговските центри, пазарите, аеродромите, хотелите, клубовите, рестораните, верските објекти, училиштата, парковите и јавните настани.
Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека спровеле оперативно тактички мерки и претрсеси на неколку локации поради планови за извршување на терористички напад од страна на поддржувачи на ИСИС. Дојавата стигнала од партнерска земја.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Афера „Банки“3 месеци
(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето