Контакт

Македонија

Oдложeно судењето за „Титаник“

Објавено пред

Титаник, СЈО

Поради хируршка интервенција на обвинетиот Леко Ристовски, денеска повторно беше одложено рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности. Минатото рочиште исто така беше одложено поради операција, но тогаш на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Адвокатот на Ристовски уште пред пет дена  доставил медицицинска документација до Кривичниот суд.

„Титаник“ е без исклулок најодложуваното судење од сите кои ги води специјалното јавно обвинителство. Досега како причини за одложување на рочиштата за „Титаник“ најчесто бе  здравствени проблеми на обвинетите, неажурноста на судот во давање на термините за овој предмет, односно преклопувањето на „Титаник“ со уште еден предмет каде има ист обвинет и службените патувања на пратеникот Илија Димовски.

Обвинителката која го застапува обвинението за „Титаник“, Лиле Стефанова, пред една недела изјави дека овие одолжувања создаваат проблеми, но во ниту еден случај не е по вина на обвинителството или судот бидејќи динамиката на закажаните рочишта била добро поставена.

Во предметот „Титаник“ обвинети се дваесетина лица меѓу кои и експремиерот и бегалец Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.

Според обвинението на СЈО, обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Најново

Македонија18 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија37 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника46 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет1 час

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија1 час

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...