Контакт

Македонија

Oдлуката за референдумот в среда пред уставните судии

Објавено пред

Одлуката за распишување референдум за договорот со Грција, која Собранието на Република Македонија ја донесе на 30 јули 2018 година, в среда, 19 септември, ќе се најде како прва точка на седницата на Уставниот суд.

dobivaj vesti na viber

Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на одлуката за рефрендум што ја изгласа Собранието по што, доколку биде прифатена, ќе оди на гласање.

Од партијата Левица, која поднесе иницијатива за уставноста на одлуката, рекоа дека очекуваат уставните судии да ја разгледаат нивната иницијатива веднаш по летните одмори пред датумот на кој е закажан референдумот. Во иницијативата на Левица се бара и донесување привремена мерка, што значи итност на постапката.

Македонија

Градоначалникот Герасимовски го потпиша зголемувањето на платите во Општина Центар

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, го потпишаа анексот на Колективниот договор, со кој на вработените службеници во Општина Центар им се зголемуваат платите за 2.806 денари.

dobivaj vesti na viber

„Со ова покачување сакаме дополнително да ги мотивираме вработените, особено во ова време кога се наоѓаме во светска економска криза, која секако не ја одминува ни нашата општина. По преговорите со синдикатот во општината, обезбедивме средства и веќе од следниот месец вработените ќе земаат поголема плата, што ќе им донесе поголема финансиска сигурност на нашите во време кога цените на сите производи од ден во ден растат“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Анексот на Колективниот договор предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на лицата чии плати беа претходно зголемени со самото донесување на Законот за минимална плата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Објавено пред

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција.

dobivaj vesti na viber

Постапката ја поведе републичкиот обвинител Љубомир Јовески, а по претресот во финансиската полиција за кој беше утврдено дека е незаконски направен. Дисциплинската комисија ќе треба да утврди кои повреди се направени.

Од Обвинителството попладнево потврдија дека за обвинителите постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, додаваат од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги поздрави препораките на историската комисија

Објавено пред

Министерството за надворешни работи соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Оттука велат дека работата на Комисијата, содржината на којашто таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од  какви било политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи и претставува еден од клучните принципи кои обезбедуваат стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата.

Понатаму, како што велат од МНР, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји.

Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар, но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, смета МНР.

Министерството додава дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има нивната целосна поддршка, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.

„Сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза“, се додава во соопштението на МНР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија2 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија2 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија2 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија3 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија5 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион7 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија7 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија7 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа8 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа8 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа8 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија1 ден

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија1 ден

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија1 ден

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...